Роботи пристигнаа во Скопје: Asura Group прва во Македонија воведува автономно чистење

Точка

03/01/2026

12:18

9.189

Големина на фонт

а а а

Asura Group прва во земјава воведува автономни роботи Gausium за одржување хигиена – технологија што ја користат аеродромите Heathrow и Changi. Роботите веќе работат во East Gate Mall и носат повисок квалитет, ефикасност и еколошко управување со големи простори.

Напредната технологија Gausium веќе функционира во East Gate Mall и носи повисок квалитет, ефикасност и одржливо управување со големи објекти.

Скопје, 2026 — Asura Group, една од водечките регионални компании за управување и одржување на објекти, прва во Македонија воведува автономни роботи Gausium – напредна технологија за одржување на хигиена која веќе е стандард во некои од најголемите светски комплекси, како аеродромите London Heathrow и Singapore Changi, како и бројни молови, фабрики и логистички центри во САД, Канада и Скандинавија.


Со 17 години искуство и присуство во шест држави, Asura Group продолжува да го унапредува домашниот сектор за facility management преку интеграција на иновативни решенија што обезбедуваат повисок квалитет на услуга, поголема оперативна ефикасност и значително поеколошко управување со големи површини.


[Стефан Ханџиски, директор на Asura Group Македонија]

Во моментов, во земјава се активни три Gausium роботи, поставени во трговскиот центар East Gate Mall. Два Scrubber 50 роботи се користат за приземјето и првиот кат, на површина од околу 13.000 квадратни метри, додека Scrubber 75 е наменет за двете нивоа подземни гаражи, со по 25.000 квадратни метри секое.


Овие автономни системи се дизајнирани за работа во големи, динамични и високо фреквентни простори. Роботите самостојно се движат, ја следат однапред мапираната рута, избегнуваат препреки и обезбедуваат конзистентен и висококвалитетен резултат при чистењето.

Воведувањето на Gausium технологијата овозможува значително намалување на потрошувачката на вода и хемикалии, стандарден и предвидлив квалитет на услугата без оглед на периодот и интензитетот на користење, како и дигитален надзор преку апликација со дневни извештаи за извршените активности. Дополнително, системите овозможуваат безбедно и одржливо работење во простори со голем број посетители.


„Ова е значаен чекор напред за целиот сектор. Како компанија што управува со стратешки објекти како East Gate Mall, фабрики, логистички центри и институции, наша цел е да ги донесеме решенијата што ја подигнуваат индустријата на повисоко ниво. Овие системи одговараат и на еден од најголемите предизвици во секторот – недостатокот на квалификуван кадар за одржување на големи површини – обезбедувајќи стабилен, мерлив и предвидлив квалитет на услуга“, изјави Стефан Ханџиски, директор на Asura Group Македонија.

Asura Group најавува дека ќе продолжи со инвестиции во напредни технологии кои придонесуваат кон поефикасно, поеколошко и посигурно управување со објекти. Ова, како што посочуваат од компанијата, е само првиот чекор во пошироката стратегија за модернизација, во која роботизацијата и дигитализацијата ќе имаат сè поголема улога во развојот на индустријата во регионот.