[ФОТО] Синоќа на црвениот килим победила природната убавина: Актерка покажала како изгледа нормално женско тело без исцрпувачки диети, вежбање, ботокс и операции

Кармин

05/01/2026

18:46

1.349

Големина на фонт

а а а

Црвениот килим на доделувањето на филмските награди по избор на критичарите синоќа „вриел“ од прекрасни фустани, модерно облечени дами, затегнати лица и совршена шминка.

Но една жена се издвоила меѓу бројните „совршени“ дами — Ел Фенинг.



Дваесет и седумгодишната актерка пристигнала облечена во златен винтиџ фустан на Ралф Лорен од 2003 година, со драматичен изрез во пределот на деколтето.


Фустанот, кој имал задача да прикаже „течно злато“, се прилепил до телото на младата актерка, која покажала како изгледа вистинска жена без екстремни диети, исцрпувачки вежби и хируршки интервенции.



Со овој фустан, Ел носела и накит од Картие, а косата ѝ била пуштена.


Покрај Ел, една од најдобро облечените ѕвезда била и Аријана Гранде во нежно розовиот фустан на Алберта Ферети, кој имал проѕирна чипка и создал магичен изглед кај актерката и пејачка.


Од друга страна како што минуваат годините, Џесика Бил се истакнува со своето тело, но и со модните избори.


Така било и овој пат – актерката ги истакнала своите затегнати грбни мускули во црн фустан со позлатени детали и широк долен дел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk