Ја изневеруваше со години, беше обвинет за силување, а сега се венчаше во Ватикан: Објавени фотографии од венчавката на Конор Мекгрегор и Ди Девлин

Точка

13/12/2025

19:27

901

Големина на фонт

а а а

Славниот ирски ММА борец Конор Мекгрегор и неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин се венчаа вчера на свечена церемонија во црквата „Santo Stefano degli Abissini“ во Ватикан.

На објавените снимки може да се види 37-годишниот Мекгрегор во елегантен црн смокинг, додека неговата 38-годишна невеста Ди блескала во венчаница со висок околувратник и раскошен, долг вел.


По церемонијата, парот ја напуштил црквата во бел автомобил украсен со цвеќе, а на социјалните мрежи се појавија фотографии и од забавата по церемонијата.

Мекгрегор и Девлин се верија во 2020 година, на роденденот на Ди, кога Конор објави заедничка фотографија со пораката: „Каков роденден, моја идна сопруга“.

Ди тогаш возврати со објава: „Вечна љубов, мој веренику“.

Нивната љубовна приказна започна уште во 2008 година во еден ноќен клуб во Даблин. За време на долгата врска, парот доби четири деца: синовите Конор Џуниор (8), Рајан (4) и Мек (2), како и ќерката Кроја (6).


Мекгрегор, кој во јули годинава ја загуби жалбата во случајот за сексуален напад од 2018 година, често истакнува колку му значи поддршката од Ди: „Ди е мојата спасителка“, изјави тој уште во 2013 година. Нивниот идиличен однос во текот на изминатите години го нарушија гласините за неверствата на Конор, кој на крајот и ги призна. Во емотивно обраќање до јавноста, ММА борецот откри дека ја изневерувал Ди, но таа и покрај тоа реши да се омажи за него.


Конор, кој претходно оваа година размислуваше и за кандидатура за претседател на Ирска, нагласи дека напорно работи за да ја обезбеди иднината на своето семејство и иднината на Ди.

Тој додаде: „Еден ден сакам Ди и јас да можеме да се опуштиме на плажа и да не се грижиме за ништо на светот. Затоа го правам ова“.

За планирањето на венчавката, Мекгрегор уште во 2021 година изјави дека се надева на екстравагантен настан. „Ќе го имаме најдоброто од најдоброто од најдоброто, а потоа уште повеќе од најдоброто“, изјави тогаш за „Extra“.