Ален Исламовиќ и Индира Радиќ во видео на Борусија Дортмунд! Навивачите: „Го балканизираме светот“

Точка

13/12/2025

12:01

1.188

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд е позната по интересни и духовити објави на социјалните мрежи. Тоа го потврди и со видеото објавено на „TikTok“, кое беше дочекано со воодушевување во регионот, но и меѓу бројните Балканци кои живеат во Германија. Токму со нив на ум, Борусија Дортмунд ја пласираше новата објава.

Клубот сподели видео кое прикажува како се одржува тревата на стадионот и како тоа го прават луѓето задолжени за неа. Во видеото се појавуваат двајца вработени кои, со слушалки на ушите и облечени во клупска опрема, синхронизирано ја косат тревата, управувајќи косилки.

Уредникот на социјалните мрежи на Борусија Дортмунд за позадинска музика ја избрал песната „Лопов“ во изведба на Ален Исламовиќ и Индира Радиќ. Тимот си поиграл со зборовите од песната и наместо стихот „Знам ја ко си ти“, во описот на објавата напишал „Знам ја косити“ (Знам да косам), со емотикон од трева. Така, германскиот фудбалски великан во видеото пушти песна и текст на јазик разбирлив за народите од Балканот.

Борусија Дортмунд на „TikTok“ има 18 милиони следбеници, а многумина од нив ја разбраа пораката и ја коментираа со воодушевување. Еден од коментарите гласи „Го балканизираме светот“, а друг „Админот на Борусија е наш“.