[ВИДЕО] Гвардиола за лудоријата на Шерки: Вакво нешто немам видено ниту од Меси

Дерби

07/12/2025

14:00

1.069

Големина на фонт

а а а

Рајан Шерки поседува специјален талент и тоа го покажа уште пред да пристигне во Манчестер Сити, а фамозниот трансфер кој го направи пред Светското клупско првенство само му овозможи да стане уште попопуларен во европската и светска спортска јавност.

Францускиот фудбалер поседува репертоар на потези какви се поретко се среќаваат во модерниот фудбал, нешто што го докажа и вчера на натпреварот против Сандерленд кој можеби беше и негов најдобар откако пристигна во Сити.

Шерки подели две асистенции во победата од 3:0, но онаа втората која му ја сервираше на Фил Фоден беше вистински фудбалски деликатес.

Рајан режираше „рабона магија“ и го прогира соиграчот на сензационален начин, а овој потег е јасна потврда дека Пеп во тимот има играч кој поседува магија во нозете.

Шпанскиот стручњак не го криеше воодушевувањето од изданието на Шерки, но го предупреди дека „рабона“ потезите не проаѓаат секогаш баш најдобро кај него.

– Шерки е специјален, поседува уникатен квалитет. Понекогаш го обожавате и го сакате, а понекогаш го мразите. Ни помогна со своите потези во завршната третина, тој поседува дарба која му е доделена од неговата мајка и неговиот татко.

– Од него барам да има добри додавање и центаршутеви, не ми е важно дали е рабона, или не. Ако има погрешно додавање со рабона, тоа нема да ми се допадне. Никогаш не сум видел ваков потег ниту од Меси, но Меси е совршен во едноставноста. Меси е најдобриот играч кој ја играл оваа игра и неговиот најголем квалитет е едноставноста. Тој е перфектен во едноставните работи и играчи како Рајан треба да го научат тоа. Шерки е многу млад, ја игра првата сезона со нас, но од првиот ден покажува голема зрелост и огромна доза на самодоверба, – изјави Гвардиола