[ФОТО/ВИДЕО] Никој никогаш не доминирал во САД како „женскиот Шек“: Има повеќе поени отколку минути во сезоната

Точка

12/12/2025

17:07

707

Големина на фонт

а а а

Неверојатната американска кошаркарка, Ауди Крукс продолжува да ги поместува границите не само на женската кошарка, туку и на кошарката воопшто во Соединетите Американски Држави.

Крукс (20), која привлекувала внимание уште во средношколските денови со својата корпулентна градба и завидна техника, и на колеџ продолжила да брилира.

Во првите две сезони играјќи за Ајова Стејт, таа имала просек од 19,2 и 23,4 поени, а во новата сезона навистина брилира и е на пат да постави нов рекорд во Соединетите Американски Држави, што тешко дека ќе го достигне некој кошаркар или кошаркарка.

Крукс беше одлична во победата на Ајова Стејт Сајклонс од 74-69 над Ајова Хокајс, натпревар помеѓу два непоразени тима, завршувајќи со 30 поени и 10 скока со 13/20 шутеви од поле.

Кошаркарката висока 191 см, со тежина од околу 130 килограми, ја продолжила својата серија од три последователни натпревари со 30 поени, соборувајќи го рекордот на колеџот Ајова Стејт.


Но, она што е уште поимпресивно е нејзината статистика оваа сезона. Таа постигнала вкупно 306 поени во 11 натпревари, а одиграла само 283 минути.

Моментално е најдобар стрелец во првата дивизија на „NCAA“ со 27,8 поени по натпревар за просечни 25,7 минути, и е на добар пат да стане првата кошаркарка која во 21. век постигнувала повеќе од еден поен по минута на теренот, вклучувајќи ги и НБА, ВНБА и „NCAA“ лигите.


Досега, тоа му успеало само на Џоел Ембид во дресот на Филаделфија Севентисиксерс во сезоната 2023/24, кога постигнувал 34,7 поени за просечни 33,6 минути по натпревар.