[ФОТО] Живот во темнина: Како изгледаат деновите во европските градови каде што нема светлина во зима

Точка

09/12/2025

15:19

1.742

Големина на фонт

а а а

Градот познат како дом на Дедо Мраз, е во темнина од почетокот на декември до почетокот на јануари. Сепак, овој град, со оглед на тоа што се брендирал како место каде што живее Дедо Мраз, живее многу добро од зимски туризам, па така тука во зима на секој чекор има украси, лампи и слично.

Зимата во Европа подразбира пократки денови, студ и многу топли напитоци. Меѓутоа, на крајниот север на стариот континент, реалноста е сосема поинаква, па градовите и местата минуваат месеци во речиси потполна темнина, со многу малку светлина. Овој феномен е познат под името поларна ноќ. Сепак, луѓето во тие места живеат, работат и функционираат, а ако сте љубители на овој феномен, насочете се кон некои од овие градови…

Тромсе (Норвешка)


Иако тука светлина обично нема од средината на ноември па сè до средината на јануари, градот, кој се нарекува и Париз на северот, во тоа време живее полн со ритам, и токму на тој начин се бори против темнината. Фестивали и концерти се чести во овие месеци, а сето тоа се случува под будното око на Аурора Бореалис (која тогаш често може да се види). И покрај темнината, жителите се охрабруваат да поминуваат што повеќе време надвор и во дружење, што 80 илјади жители на овој град редовно и го прават.

Лонгјербијен (Норвешка)


Во ова место живеат две и пол илјади жители и е најнаселеното место на архипелагот Свалбард. Тука темнината трае прилично долго, па така жителите не ја гледаат сончевата светлина од крајот на октомври до средината на февруари. Се разбира, темнината значително влијае на секојдневниот живот, па така децата одат на училиште со ламби на главата, а луѓето носат рефлектирачки елеци како задолжителен дел од облеката. И овде фокусот е на дружењата и активностите, а интересно е и тоа што, ако се упатите надвор од градот, се препорачува задолжително да носите пушка поради опасностите од поларни мечки.

Рованиеми (Финска)


Градот познат како дом на Дедо Мраз е во темнина од почетокот на декември до почетокот на јануари. Сепак, овој град, со оглед на тоа што се брендирал како место каде што живее Дедо Мраз, живее многу добро од зимскиот туризам, па така тука во зима на секој чекор има украси, ламби и слично. Се разбира, Финците како Финци поминуваат многу време во сауни, кои имаат важна социјална улога. Се ужива и во зимските спортови, а се поттикнува активен живот…

Кируна (Шведска)


Најсеверниот шведски град е дом за 17 илјади жители, а првобитно е изграден и населен поради истоимениот рудник. Тука сонцето не се гледа три недели, но често го заменува поларната светлина. Исто така, риболовот на мраз, фестивалите и лизгањето го олеснуваат секојдневието на жителите, а во споредба со другите градови, времето без светлина тука е „мила мајка“.