Патниците кои сакаат сè да биде беспрекорно чисто можеби треба добро да размислат пред да купат билет за Будимпешта. Според анализата на глобалната компанија за складирање багаж „Radical Storage“, унгарската метропола е прогласена за најнечист град во светот.
Будимпешта се најде на врвот на оваа неславна листа затоа што дури 37,9 проценти од рецензиите поврзани со чистотата споменувале валканост, ѓубре или лошо одржување.


Експертите предупредуваат дека градот е под силен притисок поради наглиот раст на бројот туристи — само во септември е забележан пораст од 12 проценти во однос на минатата година, што очигледно ги надминува капацитетите на градските служби.
Италија и САД високо на листата на „најнечисти“
На листата доминира Италија, која во првите десет има дури четири града – Рим, Фиренца, Милано и Верона. Рим е втор најнечист, а состојбата со отпадот е толку лоша што улиците повремено ги преземаат диви свињи. „Рим е прекрасен, но ѓубрето… Навистина е одвратно“, напишал еден згрозен турист.
Веднаш зад Рим се наоѓа Лас Вегас — град кој, поради непрекинатиот ноќен живот и милионите посетители, едноставно не успева да се избори со одржувањето на чистотата. Еден рецензент го опишал како „опасна депонија преполна со измет и урина“.
Интересно – Њујорк, кој често се споменува како дом на главните светски глодари, се нашол дури на 12. место.
Како дошле до резултатите?
Истражувачите анализирале 100 градови од индексот на „Euromonitor“ за најдобри дестинации и прегледале 70.000 рецензии на англиски јазик за десетте најпосетувани атракции во секој град. Особено се фокусирале на термините „clean“ (чист) и „dirty“ (нечист) за да добијат увид во вистинското искуство на туристите.
Најнечисти градови во светот според „Radical Storage“:
1. Будимпешта, Унгарија (37,9%)
2. Рим, Италија (35,7%)
3. Лас Вегас, САД (35,6%)
4. Фиренца, Италија (29,6%)
5. Париз, Франција (28,2%)
6. Милано, Италија (26,8%)
7. Верона, Италија (26,2%)
8. Франкфурт, Германија (24,6%)
9. Брисел, Белгија (24,4%)
10. Каиро, Египет (23,6%)
Од друга страна – градови кои блескаат
Среќа, постојат и оние кои оставаат сосема спротивен впечаток. Според анализата, ова се топ 10 најчисти градови во светот:
1 Краков, Полска (98,5%)
2 Шарџа, Обединети Арапски Емирати (98%)
3 Сингапур (97,9%)
4 Варшава, Полска (97,8%)
5 Доха, Катар (97,4%)
6 Ријад, Саудиска Арабија (96,9%)
7 Прага, Чешка (96,4%)
8 Маскат, Оман (96,4%)
9 Дубаи, Обединети Арапски Емирати (96,3%)
10 Фукуока, Јапонија (96,3%)










