[ФОТО] Србин поканил девојка од Инстаграм на кафе, нејзиниот одговор го шокирал: „Јас повеќе не знам...“

Точка

04/12/2025

20:09

1.261

Големина на фонт

а а а

Дејтинг светот се промени, а изгледа дека на мажите им е сè потешко да запознаат девојки. Сè потешко е да се добие согласност за прв состанок, а еден од примерите доаѓа и од соседна Србија.

Имено, извесно момче од Србија на „X“ споделил непријатно искуство со девојка која ја следи на Инстаграм. Собрал храброст и ја поканил на кафе, но нејзиниот одговор, со најблаго кажано, го шокирал.

На својот профил „pygmalion“ објаснил дека сметал дека поканата на кафе е природен начин за запознавање, но наишол на ниту малку пријатна реакција.

„На девојката со која веќе некое време се следиме на Инстаграм ѝ испраќам порака (имаме заеднички интереси, учествувавме на неколку исти трки, разменивме неколку коментари на сториња, лајкови, бла бла)… Велам: ‘Често сум во твојот крај, ајде да испиеме кафе и да се запознаеме’“, започнал тој.


„Ме направи мајмун: ‘Како може да ме поканиш на кафе кога дури и не се познаваме?!’ Извини, некогаш луѓето така се запознавале. Ми се е*е за сè, веќе не знам што вие, кој к*р сакате…“, напишал тој.

„Ете зошто мажите повеќе не им приоѓаат на девојките“

Неговата објава наскоро стана вирална и поттикна бројни коментари, а многумина застанаа на неговата страна.

„Дали би така одговорила на Бред Пит? И него не го познава. Поддршка за братот“, „Па тоа е нормално, еве, после тоа кафе 12 години заедно и тројца деца. Не ни помислував да одбијам, двајцата бевме студенти тогаш…“, „Не ѝ се допаѓаш, сè е во ред, продолжи понатаму, подобро е отколку да губите време“, „Ако двајцата сте слободни, ова е буквално најнормалниот пристап“, „Воопшто не ѝ се допаѓаш, а плус е и дрска“, „Ете зошто мажите повеќе не им приоѓаат на девојките“, се ределе коментарите.

„Прескокнавте фаза на допишување“

Меѓу коментарите имало и такви кои пишувале дека ја разбираат нејзината реакција, истакнувајќи дека можеби требало прво да започне со допишување за постепено да се запознаат.


„Да ме покани некој така на кафе, прво би помислила дека е манијак. Ме следи што правам, знае каде живеам… накратко, би се исплашила“, „Прескокнавте фаза на допишување?… Јас ја запознав својата драга по отприлика четири месеци секојдневно допишување“, порачале некои.

„Старомоден сум тип, извинете“

На крајот се огласил повторно и самиот автор на објавата, одговарајќи на оние кои велеле дека само му е повредено егото.

„Не ми пречи одбивањето, туку ми пречеше што некој поканата за кафе ја доживува како напад, во време кога се праќа сè и сешто во приватни пораки… Старомоден тип сум, извинете. Немав намера да предизвикам граѓанска војна на X“, заклучил тој.