[ВИДЕО/ФОТО] Најсладок собир за светски рекорд: Во парк во Буенос Аирес се собрале 2397 златни ретривери

Точка

09/12/2025

17:54

322

Големина на фонт

а а а

Илјадници луѓе со своите златни ретривери се собраа во понеделникот (8 декември) наутро во Буенос Аирес, Аргентина, со цел да го соборат светскиот рекорд за најголем број кучиња од оваа раса на една локација.

Настанот под името „Златен бран“ го отпочнал Аргентинецот Фаусто Дупере на социјалните мрежи, кој со години поседува златен ретривер.

„Сведоци сме на нешто историско, не само за мене и целта која си ја поставивме, туку и за Аргентина. Никогаш не е организиран ваков голем собир и мислам дека ќе биде историски момент кога ќе го собориме рекордот кој го држи Ванкувер со 1685 златни ретривери. Ако погледнете околу себе, успеавме – апсолутно успеавме“, изјави Дупере.

Она што започнало како едноставна идеја на социјалните мрежи, брзо се претворило во весело кучешко освојување на паркот „Bosques de Palermo“ во главниот град.


По повеќечасовно педантно броење, конечниот број бил утврден доцна во понеделникот. Со 2397 евидентирани златни ретривери, организаторот Фаусто Дупере објави дека Аргентина го соборила неформалниот светски рекорд поставен минатата година, кога настанот во Ванкувер привлече 1685 златни ретривери.

„Ова е историски настан“, возбудено изјави Дупере, 28-годишен аргентински актер кој стана своевиден инфлуенсер на социјалните мрежи, каде редовно објавува содржини од својот десетгодишен златен ретривер по име Оли.


Пиејќи го традиционалниот аргентински пијалак „yerba mate“, присутните разменувале забавни факти за својата омилена раса – како познатата способност на златните ретривери да „детектираат“ низок шеќер во крвта и рак – и споделувале приказни за своите ретривери кои ги тешеле низ сите животни подеми и падови.