Појадокот за долговечност е хит во светот: 100-годишниците го јадат ова секое утро и никогаш не се разболуваат, открива експертот за долг живот

Точка

03/12/2025

10:16

2.558

Големина на фонт

а а а

Појадокот за долговечност не е базиран на јајца, сланина и индустриски преработени житарки, еве што треба да јадете.

Експертот за долговечност Ден Бјутнер, којшто со децении ги истражувал начините за живот на популациите од сините зони, открива кој појадок е идеален за подолг, поздрав живот.

Според Бјутнер, најдобриот појадок за долговечност не се базира на јајца, сланина или индустриски житарки туку на растителни намирници полни со растителни влакна кои обезбедуваат стабилна енергија и долгорочна заштита на здравјето.


Што јадат стогодишниците ширум светот?

Во областите со најголем број стогодишници, Окинава, Сардинија, Икарија, утрото почнува едноставно:

- мешунки и ориз;
- интегрални житарки;
- супа;
- тост со авокадо;
- зеленчук, маслинки, локален мед;
- растителни чаеви.

Бјутнер лично го започнува денот со супа богата со зеленчук и мешунки која обезбедува долготрајно чувство на ситост.

Зошто треба да избегнувате јајца, сланина и индустриски житарки?

- Јајцата и сланината содржат високо ниво на заситени масти

- Индустриските житарки често се преполни со шеќери и адитиви

- Таквиот појадок го зголемува нивото на шеќер во крвта и ја отежнува контролата на тежината.

Жителите од сините зони затоа бираат чист, природен и растителен појадок и многу од нив живеат активно и над 100 години.


Како да направите појадок за долг живот?

- Бирајте намирници богати со растителни валка.

- Комбинирајте мешунки, интегрални житарки и зеленчук.

- Одличен избор е супата, кашата од интегрални житарки или тост со авокадо.

- Избегнувајте преработена храна, бел шеќер, сланина и масни месни производи.

- Воведете секојдневна активност, дури и 20 минути прошетка е вистинска разлика.

Тајната на долговечноста не се крие во рестриктивните диети туку во едноставниот, растителен појадок и секојдневна рутина која жителите од сините зони ја практикуваат со децении.