Сидни Свини се појави на прикажувањето на нејзиниот нов психолошки трилер „The Housemaid“ во Њујорк, а нејзиниот стајлинг веднаш беше во центарот на вниманието. Таа носела долга ретро тоалета прекриена со кристали.
Актерката во Њујорк се појави во стил што потсетува на винтиџ Холивуд – бела кристална тоалета со длабоко деколте, панделка под градите и наметка со перја која лежерно ја носела преку рацете.
Фустанот имал тенки прерамки и сјајна основа, а изгледот го заокружила со ретро брановидни кадрици, нежна шминка и обетки со скапоцени камења.
Свини привлече големо внимание додека позираше за фотографите на црвениот тепих, а покрај неа беше и нејзината колешка од филмот – актерката Аманда Сејфрид – која носеше фустан со халтер-крој во нежна розова нијанса.
Ова не е првпат Свини да заблеска во „old Hollywood“ ретро стил – неодамна се појави на доделување награди во фустан од брендот „Miu Miu“, а на друг настан носеше смела, речиси проѕирна тоалета на дизајнерот Кристијан Кован.
Актерката моментално го промовира нејзиниот нов психолошки трилер „The Housemaid“ – филм снимен според романот на американската авторка Фрида МекФаден. Во филмот Свини ја игра главната улога – Мили, млада жена која станува куќна помошничка во богато семејство, но наскоро открива мрачни и опасни тајни.














