На социјалната мрежа „X“ осамнаа мемиња за попусти за „Black Friday“: Погледнете ги најдобрите фори

Точка

28/11/2025

17:01

617

Големина на фонт

а а а

Официјално започна Black Friday (Црн петок), ден познат по големите попусти и почетокот на празничната шопинг-треска.

Македонците од утрово се по продавниците и трговските центри, а состојбата не е поинаква ниту во остатокот од светот. Попустите привлекоа многумина кои сакаат да „уловат“ добро парче облека или да купат уреди по намалени цени.

Не сите го сакаат Црниот петок

Сепак, не се сите воодушевени од Црниот петок. Веќе со години на социјалните мрежи кружи приказна дека некои продавници непосредно пред намалувањата ги креваат цените за на Црниот петок да изгледа како попустите да се поголеми отколку што навистина се, па производите на крајот испаѓаат речиси исто како и неколку дена претходно.


Поради тоа, денес бројни корисници на платформата „X“ се потсмеваат на сметка на „големите попусти“. Многумина дури се шегувале и на своја сметка, признавајќи дека сепак отишле во продавница. Социјалните мрежи се преплавени со мемиња и шеги на таа тема, а во продолжение ги одбравме најдобрите, пишуваат од „Index“.