[ВИДЕО] Најнесмасната кражба која некогаш сте ја виделе: Крадец на велосипед украл висок кип, едвај заминал од местото на настанот

Точка

28/11/2025

19:12

592

Големина на фонт

а а а

Бизарна кражба во која крадец на велосипед украл кип висок повеќе од два метра се случила пред еден коктел бар во шкотскиот Единбург.

На снимката се гледа како крадецот едвај успева да го стави дрвениот кип на војник преку велосипедот и заедно со него се обидува да замине од местото на настанот.

Крајот на снимката прикажува како едвај вози затоа што кипот му пречи и големо прашање е како воопшто успеал да побегне далеку.


Сопственикот на барот, Пол Бакстон, изјави дека претрпел значителна финансиска штета од оваа кражба, бидејќи кипот чини 900 фунти.

„Украдениот кип се вика Нолан, додека неговиот ‘брат’ Нелсон е на безбедно. Двајцата војници беа дел од надворешната божиќна декорација, но Нелсон по инцидентот е преместен во предворјето на барот. Како да не беше доволна загубата на скапоцениот кип, за време на кражбата беше скршена и маса вредна неколку стотици фунти. Прилично катастрофално“, вели Бакстон.

Од барот упатиле апел до крадецот, порачувајќи дека „ако го врати, сè ќе биде во ред“, но Бакстон признава дека не очекува Нолан наскоро да се врати.

Особено го разочарал фактот што никој од минувачите не реагирал, и покрај тоа што кражбата била очигледна и несмасна.