Извесна маjка предизвикала расправа на ТикТок откако се пожалил дека соседот ѝ тропал на вратата во 5 часот наутро затоа што – чистела со правосмукалка. Иако таа сметала дека реакцијата на соседот е непримерена, илјадници луѓе застанале на негова страна, порачувајќи ѝ дека тоа си го заслужила.
Мајката, која на социјалните мрежи се претставува како Мимз, објавила видео во кое ја чисти куќата и ја објаснува ситуацијата. „Не е прифатливо соседите да ви тропат на вратата во 5 часот наутро само затоа што правосмукате“, рекла таа во видеото. „Ова ќе го подели интернетот, затоа што јас правосмукав во 5 часот наутро. Не мислам дека има нешто погрешно во тоа, но знам дека некои луѓе мислат дека е неприфатливо затоа што оваа правосмукалка всушност е прилично гласна.“
Мимз додала дека, како и повеќето мајки, има стотици обврски што мора да ги заврши пред да се разбуди остатокот од семејството. Таа одлучила да го започне својот список на задачи со правосмукалка, за да може до 7 часот наутро да го среди остатокот од куќата и да направи пица. „Ова е приказ на мајки кои живеат 10.000 животи пред да направиме било што наутро“, порачала.
Но, и покрај нејзиниот густ распоред, корисниците на интернет немале разбирање. Имено, според британските прописи, бучавата помеѓу 23 и 7 часот наутро не смее да надмине одредено ниво. И покрај тоа, Мимз останала на своето: „Всушност, се држам до тоа дека ова е мој дом и можам да ја вклучам правосмукалката кога и да сакам?“
Интернетот застанал на страната на соседот
Нејзиното видео на ТикТок станало вирално, собирајќи повеќе од 236 илјади прегледи, а коментарите само се редел. Луѓето брзо ѝ порачале дека таа е која што греши и дека и тие би реагирале доколку им била соседка. „Со закон се пропишани часовите за мир од 23 часот до 7 часот наутро. Значи, да, вашиот сосед е во право што ви тропа на вратата во 5 часот наутро“, напишала една личност.
Друг коментирал: „Ако правосмукање на полноќ не е прифатливо, тогаш ни истото во 5 часот наутро не е. Затоа постојат одредени часови за бучава.“
„Ако некој правосмука во 5 часот наутро на мој слободен ден, нема да тропам на врата, ќе провалам“, „Правосмукалка во 5 часот наутро е ѓаволско“, „Да, би бил бесен ако ми ги разбудиш децата во 5 часот наутро“, се ределе коментарите.









