[ВИДЕО] Хит сцена во БиХ го натерала возачот да го сврти автомобилот и да ја сними истата: „Ќе живее овој народ“

Точка

28/11/2025

20:43

593

Големина на фонт

а а а

Група жени уживале во кафе во Босна и Херцеговина. Ништо необично, нели? Но, видеото сепак стана вирално. Погледнете зошто.

Нештата кои не би биле вообичаени на некое друго место, на Балканот се сосема нормални – и токму поради тие особености, регионот има свој непогрешлив шарм.

Посебниот менталитет на луѓето од овие простори често бил – и сè уште е – инспирација за песни, шеги и вирални содржини.

Една од последните вакви содржини е видео од Босна и Херцеговина, снимано напролет, кое сè уште кружи по социјалните мрежи и собира лајкови и коментари.

OVO MORATE VIDJETI!

Samo u BiH! Živjeće ovaj narod😂

Posted by Banjaluka 24 on Sunday, March 16, 2025

„Веќе поминав еден километар, а се свртев само за да го снимам ова“, вели возачот во видеото објавено на „Фејсбук“, а во описот на истото стои: „Само во Босна и Херцеговина! Ќе живее овој народ“.

И што го импресионирало толку многу? Група жени донеле маса и столици на автобуската станица покрај патот во близина на Тузла и направиле импровизирано „кафуле“.

Дали чекале автобус или едноставно ја присвоиле станицата како своја мала тврдина за дружење – не знаеме. Но, знаеме дека такви сцени се ретки и прекрасно го доловуваат духот на Балканот.

Видеото веќе собра повеќе од 1,5 милиони прегледи, речиси илјада (главно воодушевени) коментари и повеќе од 10.000 лајкови.

„Добро кафе во добро друштво секогаш е добар избор – било каде, било кога“, гласи еден коментар кој ја доловува суштината на видеото.