[ФОТО] Овој мост без тронка бетон и железо веќе 500 години од почеток рачно се плете од слама: Вештина што се пренесува од генерација на генерација

Точка

28/11/2025

14:20

615

Големина на фонт

а а а

Над кањонот на реката Апуримац во Перу и денес постои последниот сочуван мост од времето на Инките.

Стар е најмалку 500 години, а во неговата изградба не биле користени ниту железо ниту бетон – целиот бил рачно изграден од јјажиња односно од плетена слама. Висечкиот мост „Q’eswachaka“ е фасцинантно наследство на древниот народ од Јужна Америка, а локалните жители се грижат да остане сочуван. Имено тие секоја година се собираат и го обновуваат мостот, притоа организирајќи голема свеченост.


Обновувањето на мостот не е неопходност бидејќи постои нов, туку е традиција која ја слави поврзаноста

Имено недалеку од мостот „Q’eswachaka“ се наоѓа нов, модерен мост кој го премостува кањонот, така што локалните жители не го обновуваат стариот поради потреба. Тоа го прават за да ја сочуваат традицијата и да останат меѓусебно поврзани. Мостот е долг 30 метри и ги поврзува двата краја на кањонот на висина од 20 метри.



Жителите ја пренесуваат вештината на изработка од генерација на генерација веќе 500 години, колку што се проценува дека е стар мостот. Нивниот труд го препознал и УНЕСКО и ја вклучил обновата на списокот на нематеријално светско наследство.


Се користат исклучиво стари техники и суровини

Мостот се обновува исклучиво со користење на стари техники и суровини, какви што користеле Инките. За жителите на околните села Хуинчири, Чаупибанда, Чокајхуа и Колана Кехуе, овој мост е средство за зајакнување на социјалните врски, а не само транспортна рута.



Еве како оваа традиција ја опишува УНЕСКО: Мостот се смета за свет израз на поврзаност на заедниците со природата, традицијата и историјата, а годишната обнова е проследена со ритуални церемонии. Обновата трае само три дена, но во текот на целата година ги структурира животите на заедниците, воспоставувајќи комуникација, зајакнувајќи ги со векови старите врски и потврдувајќи го нивниот културен идентитет.

Древните техники на плетење се учат во семејството и се пренесуваат од колено на колено

Процесот започнува така што семејствата собираат, сечат и виткаат слама за да формираат тенки јажиња долги околу 70 метри. Овие древни техники на плетење се учат во кругот на семејството. Потоа двајца постари членови на заедницата го водат процесот на нивно виткање во јажиња со средна големина, од кои потоа се прават шест големи, силни јажиња.




Кога сè е готово, јажиња се врзуваат за древните камени основи на мостот. Плетењето на мостот започнува од двете страни, а кога работата ќе заврши, се одржува голем празничен фестивал. Обновата секогаш се одвива во втората недела од јуни, а била прескокната само за време на Ковид-19 пандемијата. Во тоа време, конструкцијата на мостот речиси се срушила, но на време била спасена.


За време на фестивалот најхрабрите туристи можат да преминат преку мостот за симболичен износ

Рачно плетените мостови биле дел од системот на патеки и улици повеќе од 500 години, а Инките многу ги почитувале. Казната за допирање на таков мост била дури и смрт, а учеството во обновувањето на мостот било обврска. Но, денес локалните семејства ја чуваат оваа традиција иако не мораат, а мостот не им е потребен.


Тие вложуваат напор во чест на нивните предци и „Pachamama“ односно Мајката Земја. Преку овој мост Инките превезувале животни, но денес е наменет исклучиво за (храбри) пешаци. Мостот станал туристичка атракција, а за време на фестивалот на туристите им се наплаќа симболичен износ за преминување на мостот.