Една од најуспешните и најславни манекенки на светот, Бар Рафаели, објавила низа фотографии во бикини и воодушевила со својот фасцинантен изглед.
Иако влегуваме во најстудениот дел од годината, за одредени славни личности зимата дефинитивно не е препрека за било што, па често сведочиме на разни „летни“ објави на социјалните мрежи.
И славната израелска манекенка Бар Рафаели која некогаш важела за една од најубавите жени на светот, а и сега може да им парира на многу од помладите колешки, не одолева на овој „тренд“, па на социјалните мрежи објавила низа фотографии на кои позира во бикини.
Таа позира во црвено бикини, а добила многубројни допаѓања и комплименти под објавата.
Многу од обожавателите се маѓепсани од нејзината природна убавина, а евидентно е дека 41-годишната манекенка изгледа навистина младолико: „Природна убавица“, „Најубавата жена на светот“, „Изгледаш прекрасно во црвено“, „Изгледаш подобро од кога и да е“, биле само дел од коментарите.
Уште ако додадеме дека е мајка на три деца, не е ниту чудно што и денес со својот изглед привлекува внимание, баш како и некогаш.
Бар Рафаели е позната и како поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, а по раскинувањето со него во 2011 година се венчала со претприемачот Ади Езро со којшто е и денес во среќен брак.










