Славната актерка одбива да се подложи на естетски корекции и одбира достојно да старее: „Ова лице го заслужив“

Точка

28/11/2025

18:05

806

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Линда Хамилтон, позната по улогата на Сара Конор во „The Terminator“, зборуваше за тоа дека на 69 години се чувствува добро во сопствената кожа и дека не планира да ги следи холивудските трендови на разубавување.

„Не поминувам ниту еден момент обидувајќи се да изгледам помладо на кој било начин, никогаш. Целосно се помирив со фактот дека ова е лицето што го ‘заслужив’ и тоа ми кажува толку многу“, изјави таа во интервју за „AARP“.


Овој начин на размислување го пренела и на својата ќерка Џозефин, која има 32 години и која ја доби во бракот со режисерот Џејмс Камерон. Актерката се присети дека Џозефин, кога имала шест години, ѝ рекла дека изгледа прекрасно затоа што нејзиното лице е исполнето со радост.

„Всушност, тоа оттогаш го користам како своја дефиниција за убавина и работам на таа радост“, додаде таа. Иако се труди да води здрав начин на живот, не е премногу строга кон себе.

„Не сум строга, што е фантастичен начин да се старее. Отсекогаш сум велела дека строгоста нè убива“, изјави актерката.


Додека се подготвувала за снимањето на петтата сезона од серијата „Stranger Things“, тренирала трипати неделно, менувајќи ја својата рутина во согласност со тоа што ѝ било потребно тој ден.

„Тоа беше пилатес, тоа беше јога, многу вежби со машини, кабли, сè. И на некој начин тоа го обожавам: да влезеш во теретана и да немаш ден за гради и грб, туку едноставно она што треба да го опуштиш и истегнеш денес“, споделила Линда.