Иако не е идеално да пиете кафе на празен стомак, со вистински додаток може истото да биде одлична комбинација.
Поголем дел од луѓето наутро прво нешто на кое помислуваат е кафето.
„Полифенолите во кафето можат да ги хранат корисните бактерии во цревата, да го поттикнат нивото на нивниот раст и активност. Исто така можат да помогнат во ограничување на растот на лошите бактерии“, објаснува Џозеф Салхаб, американски гастроентеролог.

Тој потенцира дека сите тие придобивки дополнително ќе се зголемат доколку во шолјата кафе додадете само една лажичка какао. Кога станува збор за варењето, кафето и какаото делуваат синергиски. Какаото е еден од најбогатите извори на полифеноли поради што е моќна пробиотска намирница која ги храни добрите бактерии во нашите црева. Освен тоа, богато е и со диететски влакна, клучни за уредниот дигестивен систем.
Покрај антиоксидантското дејство, спојот на кофеин од кафето и теоброните од какаото помагаат во одржување на стабилната енергија и бистрата концентрација.
„Какаото и чоколадото содржат високо ниво на флавоноиди кои поволно делуваат на мозокот“, наведува истражувањето за невропротективните ефекти од какаото.
За системот за варење да функционира оптимално, пресудно е внесувањето растителни влакна. Возрасен човек треба дневно да внесува меѓу 25 и 38 грама диететски влакна, што често е предизвик во современата исхрана.

Таа цел многу полесно ќе ја постигнете доколку во утринското кафе додадете една до две лажички какао. На тој начин какаото не само што придонесува во дневниот внес на растителни влакна туку и делува како моќен поттик за работа на цревата, а спречува и затвор.










