[ФОТО] Елегантното издание на Северина собра бројни симпатии: Кафеав фустан со перја и суптилни детали

Точка

26/11/2025

21:26

645

Големина на фонт

а а а

Северина присуствувала на доделувањето на Наградите на хрватското глумиште, а во таа прилика посебно внимание привлече нејзиното елегантно издание.

Имено, таа пристигнала како поддршка на пријателите кои беа номинирани на ова доделување на награди.

За оваа прилика, Северина избрала кафеав кафтан фустан со перја, кој е креација на брендот „Taller Marmo“. Креацијата е украсена со богати перја на ракавите и по должината на рабовите.


Комбинацијата ја заокружила со златна чанта во форма на школка од брендот „Simkai“.

Дополнително, Северина своето издание го надополнила со минималистички парчиња накит, исфенирана коса и суптилна шминка.


Во објавата на Инстаграм, Северина напиша: „Бев поддршка на моите драги пријатели Романо Николиќ и Марио Мажиќ, кои беа номинирани во седум категории на доделувањето на Наградите на хрватското глумиште. Со преубавата Доротеа Шушак ја добија наградата за текст за претставата ‘Куќичка за кучиња’, која Романо ја режираше во склоп на својот театар ‘Артерариј’, како и наградата за споредна машка улога. Честитам, мои“.

Нејзиното модно издание доби низа пофалби од следбениците, кои ѝ порачаа дека е „убава како секогаш“, како и дека се воодушевени од нејзината елеганција.