Планира голема, православна свадба: Славната актерка на Балканот ќе ја организира венчавката од соништата?

Точка

27/11/2025

12:17

1.764

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Џенифер Анистон повеќе не ја крие љубовта со своето ново момче Џим Кертис, со кој почна да се појавува во јавноста.

Атрактивниот велнес тренер, хипнотерапевт и писател толку ја маѓепсал ѕвездата на серијата „Пријатели“ што таа наводно по трет пат планира да застане на лудиот камен, по браковите со Бред Пит и Џастин Теру.

Кертис сè уште не ја запросил Џенифер, но како што пренесе „Radar Online“ тој планира да го стори тоа, како и дека актерката посакува голема, романтична венчавка. Интересно е тоа што венчавката би можела да биде многу традиционална и со почитување на нивните корени, бидејќи и двајцата потекнуваат од православни, грчки семејства.


Така што Анистон и Кертис можеби ќе го изговорат судбоносното „да“ токму во Грција.

„Таа посакува венчавка на која ќе бидат окружени со руини и прекрасен, воден пејзаж. Тоа изгледа како нешто од романтичен роман, но тоа е она што се мота низ главата на Џени додека врската се загрева. Не може да се контролира“ рекол неименуваниот извор.


Сепак дестинацијата ќе остане тајна, а на списокот со гости ќе бидат бројни познати личности, вклучувајќи ги нејзините пријатели Кортни Кокс, Џими Кимел, Џејсон Бејтмен.


Како што изјавиле упатените извори, актерката сака да ја надмине раскошната венчавка што ја имала со Бред Пит, додека на Џастин Теру му рече „да“ во многу поинтимна атмосфера.


„Џен имаше обичај да каже дека веќе ја имала својата венчавка од соништата со Бред Пит во Малибу пред 25 години. Кога се омажи за Џастин Теру, намерно не сакаше да го надмине тоа, туку избра мал собир во дворот“, рекол изворот.

Но, Џим е како зрак светлина во животот на Џен и со него конечно има шанса да го направи тоа.