Ново телевизиско шоу во Македонија - „Вечер по 8 со Миро“ на Алфа телевизија

Точка

27/11/2025

12:00

181

Големина на фонт

а а а

Телевизискиот простор во Македонија добива свежина, динамика и ново вечерно ТВ искуство со стартот на шоуто „Вечер по 8 со Миро“, кое од 27 ноември, односно вечерва, ќе се емитува секој четврток во 20:30 часот на Алфа телевизија.

Во центарот на емисијата стои харизмата и препознатливиот стил на Миро, кој на публиката ѝ носи комбинација од искрени разговори, актуелни теми и уникатен хумор. „Вечер по 8 со Миро“ ја поставува целта да создаде различна, поблиска и посуштинска комуникација со гледачите, преку формат кој истовремено забавува, провоцира и отвора важни прашања.


„Со големо нетрпение ја започнуваме оваа нова приказна. Сакам публиката да ја почувствува искреноста, енергијата и духот што го вложивме во „Вечер по 8“. Ова е емисија каде ќе зборуваме отворено, ќе се смееме, ќе провоцираме и ќе создадеме незаборавни моменти. Благодарен сум на целиот тим и на сите партнери што веруваат во мене и во овој проект“. - вели Миро.

Дополнителен печат на емисијата ја даваат ЛИБЕРО, еден од најдобрите македонски бендови, кои ќе бидат дел од секоја епизода. Со својот препознатлив звук, тие ќе создаваат атмосфера која ја носи приказната, ја гради емоцијата и ја подигнува динамиката на шоуто.

Емисијата ќе содржи интересни рубрики, директни прашања, искрени реакции и гости од различни сфери – музика, јавен живот, спорт, бизнис, култура. „Вечер по 8 со Миро“ доаѓа со идеја да биде место каде разговорите се реални, темите се блиски до народот, а забавата е гарантирана.


Со моќна продукција, силен тим зад сцената и поддршка од одговорни компании и партнери, ова ново вечерно шоу ветува да стане едно од најгледаните ТВ содржини.

„Вечер по 8 со Миро“ - секој четврток во 20:30 на Алфа телевизија.