[ФОТО] Има милиони, живее како да прима минимална плата: Мебелот му е од бувјак, а плескавицата омилено јадење – „Најсиромашниот“ богаташ облечен како да нема ниту денар

Точка

26/11/2025

14:14

4.488

Големина на фонт

а а а

Дали станува збор за скромност или за нешто друго? Најсиромашниот милионер, како поради животниот стил го нарекуваат славниот актер, се појавил синоќа на премиерата на филмот „Jay Kelly“ во модно издание кое им се спротивставува на гламурозниот Холивуд и имиџот на ѕвезди од светската сцена.

Адам Сандлер не сака на прв поглед да го открива својот материјален статус и е еден од ретките актери кои го прават тоа.

Погледнете како Адам Сандлер бил облечен за синоќешната премиера во Париз. Нема елегантно одело, скапи чевли и сѐ останато што го создава уредениот имиџ на холивудските ѕвезди.


Иако му брендираната облека генерално не му е непозната, тешко дека неговиот стил би можел да се опише како т.н. „тивок луксуз“, моден манир со скапа облека, но без истакнување на брендови.

Облеката е само дел од она што би можело да се нарече „животен стил на Адам Сандлер“. Актерот се смета за многу скромна ѕвезда, а тој епитет го добил затоа што јавноста смета дека не живее онака како што би требало со оглед на тоа што заработил 800 милиони долари. Пишувало дека има скромна куќа, дека мебелот го купува на бувјак и дека најмногу сака да јаде плескавица, односно хамбургер.


Често може да се види како вози велосипед, иако има и поскапи автомобили, а и стилот на облекување, како што покажа синоќа, е несекојдневен за еден милионер, па најчесто носи шорцеви, маици и „oversize“ дуксери. Пишувало и дека јаде остатоци од храна од ресторани, сепак, нема официјални податоци за тоа.


Познато е дека пред неколку години купил куќа за повеќе од четири милиони долари, но и покрај тоа, во споредба со другите богати актери, Адам Сандлер, чиј стил го избираат неговите ќерки, остава впечаток дека вообразеноста е страна за него. Некој вели дека само не сака да покажува колку има, а она што е поважно е хуманитарната работа на која е посветен.


Донирал 10 милиони долари за детска болница, дал 80 милиони долари за поддршка на уметнички програми за деца, подарил 50 милиони долари за помош на семејства по природни катастрофи. Можеби е „најсиромашниот богаташ“, но без сомнение е и милионер со големо срце!


Неговата хуманитарна работа сите ја фалат, а имиџот кој го пласира во јавноста предизвикува поделени коментари. Некои во тоа гледаат вистинска скромност, а други лицемерие, бидејќи и покрај скромноста која ја промовира, не се откажува од богатството.


Сепак, за пофалба е што на светот покажува дека ѕвездите можат да изгледаат и вака.

Како вие го коментирате животниот стил на Адам Сендлер?