[ФОТО] Била југословенска убавица со нереални сини очи и најфотогенична жена на светот – денес гордо ја „гази“ 9-тата деценија, а и натаму е вистинска дива

Точка

21/11/2025

08:37

973

Големина на фонт

а а а

Вонвременска убавица – два најефективни зборови кои оваа исклучителна дама ја опишуваат во најкратки црти.

Далиборка Стојшиќ остварила голема музичка кариера и прекрасно се снаоѓала во различни жанрови, но покрај нејзиното име секогаш задолжително стои и дека била една од најубавите жени на јавната сцена. За тоа има и официјална потврда, како некогашна Мис Југославија.

Популарната пејачка, актерка, водителка, книжевничка и мисица е родена во Чуприја во 1944 година. Во јавниот свет, како што рекла неодамна во интервју за „Блиц“, влегла сосем случајно:

„Се подготвував за нешто друго, но сѐ во животот ми се случувало надвор од плановите. Така што воопшто не верувам дека човек може да си го испланира својот живот и да ги оствари сите цели баш онака како што замислува. Во таа смисла може да се каже дека на некој начин сум фаталист затоа што секогаш ми се случувало нешто друго од она што сум го планирала“.


Покрај дедо инженер по хемија и татко електротехничар, од мали нозе ја засакала науката. Меѓутоа, кога требало да се запише факултет, се определила за светска книжевност на белградскиот Универзитет. Не паднала на ниту еден испит и на 21 година била апсолвент.

Во текот на студирањето колешките ја убедувале да се пријави на конкурсот Мис Јуниверс Југославија, но тоа не ја интересирало многу. Меѓутоа, во еден момент од љубопитност се пријавила и во 1967 година влегла во потесен избор. Таа станала Мис Југославија, а во 1968 година ја претставувала земјата на натпревар во Мајами.

„Не се надевав на нешто специјално, но навистина беше возбудливо. Во Мајами бев прогласена за најфотогенична жена на светот. Значи, во тоа време наголемо се занимавав со музика“, раскажала Далиборка.

Веќе наредната година таа ја остварила и првата улога во филм. На почетокот на 70-тите станала член на исклучително популарниот квартет „Оне и они“, а групата била основана неколку години пред популарната „ABBA“ да ја освои планетата.

Освен со квартетот, Далиборка настапувала и самостојно, а благодарение на својот талент и специфична боја на глас прекрасно изведувала и забавна и народна и староградска музика.


Од бракот со Жарко го има синот Бојан којшто не го продолжил музичкиот пат на своите родители туку се посветил на IT технологијата. Скоро четири децении Далиборка е во среќен брак со виртуозот на хармоника и шеф на Народниот оркестар на RTS, Бранимир Ѓокиќ.