Познатата велшка актерка Кетрин Зета-Џонс (56) ги изненади своите следбеници со објава на Инстаграм во која, по повод 25-годишнината од бракот со Мајкл Даглас (81), сподели низа неодоливи фотографии од нивната приватна архива.
Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се венчаа во ноември 2000 година во легендарниот хотел „Плаза“ во Њујорк, кратко по раѓањето на нивниот син Дилан Мајкл.
По повод нивната 25-годишнина од бракот, познатата велшка актерка му честиташе на својот сопруг, на најубав можен начин – со серија фотографии кои имаат големо значење за нив.
Првата фотографија што ја објави актерката ги прикажува двајцата како се бакнуваат на мермерните скали од хотелот на денот на нивната венчавка. Зета-Џонс блеска во свилена венчаница од Кристијан Лакроа, со долг превез и луксузно здолниште што се спушта по скалите, додека Даглас изгледа беспрекорно во црн смокинг.
Таа го објави и моментот кога се сретнале, фотографија од Филмскиот фестивал во Довил во 1998 година, на која Кетрин го „голта“ Мајкл со поглед додека тој разговара со некој друг. Објавата вклучува и фотографии од нивното патување во Индија, каде што позираат пред Таџ Махал, интимно селфи и слатка фотографија од Кетрин како пробува гламурозен фустан пред нејзиниот сопруг во гардеробата.
Зета-Џонс остави емотивна порака под објавата: „Пред дваесет и пет години одев до олтарот. Опивачкиот мирис на цвеќето, сјајот на свеќите, моќните гласови на велшкиот хор и ти – на крајот од таа долга прошетка, ме погледна на начин на кој само ти знаеш. Те сакам денес како што те сакав и тогаш. Ти благодарам, љубов моја.“
И Мајкл Даглас се огласи по тој повод, објавувајќи фотографија на која е со сопругата.
„Среќна 25-та годишнина, драга моја Кетрин. Кој би рекол? Сета моја љубов, Мајкл“, напиша актерот.








