[ФОТО] Гитаристот од ДНК кој ја преживеа трагедијата, прозва дел од музичарите: „Убаво што ги пеете песните, ама…“

Точка

17/11/2025

18:39

2.998

Големина на фонт

а а а

Горан Тонев, преживеаниот гитарист од музичката група ДНК, се огласи на социјалните мрежи со остра, но емотивна порака до колегите музичари.

Во објава на Инстаграм, тој напиша:

„Колеги, убаво што ги пеете песните на ДНК. А каде бевте вчера на маршот???“.

Пораката доаѓа во период кога низ државата се организираат тивки маршеви и собири во чест на загинатите. Трагедијата, која се случи за време на настап на групата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, однесе многу животи, меѓу кои и речиси целиот состав на ДНК.


Гитаристот, кој ја преживеа катастрофата, со оваа реакција упатува критика кон дел од музичката сцена - особено кон оние што овој период на своите настапи изведуваат песни на ДНК, но, според него, не изразиле поддршка на семејствата на загинатите и на јавните маршеви што бараат одговорност за трагедијата.

Маршевите, организирани од семејствата на жртвите и граѓани, имаат за цел да потсетат на пропустите што доведоа до пожарот и да поттикнат институционална реакција. Преживеаниот член на бендот со својата објава уште еднаш ја истакна потребата за солидарност и присуство, а не само симболична поддршка преку музика.