Кевин Спејси: „Немам дом, живеам во хотели. Немам приходи, куќата морав да ја продадам“

Точка

20/11/2025

09:49

970

Големина на фонт

а а а

Седум години откако беше вмешан во скандал поради обвинувања за сексуално малтретирање, актерот Кевин Спејси откри дека е бездомник.

Поранешната холивудска ѕвезда нема постојана адреса и моментално живее во хотели, што е драматичен пад за двократниот добитник на Оскар чиј живот се превртел наопаку откако за прв пат се појавиле низа обвинувања во 2017 година.

Актерот вели дека е бездомник затоа што се соочува со судски трошоци и затоа што никој не сака да му даде улога. „Живеам во хотели, Airbnb“, изјавил двократниот добитник на Оскар во интервју за „The Telegraph“. „Одам таму каде што е работата. Буквално немам дом, тоа е она што се обидувам да го објаснам“, додал тој.

Спејси рекол дека неговиот дом во Балтимор бил продаден на аукција во услови на „не толку сјајна“ финансиска слика. „Трошоците во последните седум години беа астрономски, а приходите минимални“, рекол тој.

Прогласен за невин

Од 2017 година, ѕвездата на филмовите „Американска убавина“ и „Куќа од карти“ бил обвинет за сексуално малтретирање од повеќе од десетина мажи, обвинувања што тој ги негирал. Тој беше ослободен во случајот во Лондон од 2023 година, во кој четворица мажи рекле дека тој сексуално ги нападнал помеѓу 2001 и 2013 година.


Исто така Спејси бил ослободен и од обвинението во граѓанската тужба од 2022 година поднесена од актерот Ентони Рап, кој тврдел дека Спејси, тогаш 26-годишен, го малтретирал во 1986 година, кога имал 14 години.