[ФОТО] „Паполито мое“: Перо Антиќ објави емотивна роденденска честитка за својот син

Точка

19/11/2025

16:25

1.008

Големина на фонт

а а а

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација и еден од најистакнатите спортски имиња кај нас, Перо Антиќ, повторно покажа дека покрај спортската величина, носи и огромно татковско срце.

По повод роденденот на неговиот син Павел, Антиќ сподели емотивна објава на социјалните мрежи, проследена со фотографии кои ја доловуваат силната врска и безусловната љубов меѓу татко и син.

Во пораката која веднаш предизвика големо внимание, Перо напиша:

„Ти си мое сè, и затоа ти го посакувам само најдоброто во животот, сине мој. Патот кон среќата нека ти биде чист како солза - секогаш. И знај дека секогаш има некој покрај тебе, принцу мој. Среќен роденден, паполито мое. Те сака тато“.


Неговите зборови, искрени и нежни, го отсликуваат она што многу родители го чувствуваат, но не секогаш го изговараат - силата на љубовта што ги движи, гордоста што ја носат и желбата нивните деца да чекорат низ животот со чистина, радост и поддршка.

Фотографиите, на кои можеме да ги видиме Перо и Павел во прегратка, со насмевки на лицата и моменти кои раскажуваат приказна сами за себе, ги стоплија срцата на следбениците. Тие веднаш ги преплавија  со честитки, љубов и пофалби за топлиот семеен момент.

Оваа објава уште еднаш потсетува дека, и покрај сите спортски успеси и титули, Перо Антиќ најголемиот трофеј го носи дома - улогата на татко. И токму во тие моменти, човечки и искрени, се гледа вистинската големина на еден човек.