Славната актерка Сандра Булок (61) се повлече од јавноста по семејната трагедија. Таа неодамна беше фотографирана во Лос Анџелес додека фановите го очекуваат нејзиното големо враќање на актерството.
Булок била забележана додека возела автомобил во Лос Анџелес, а со неа бил и нејзиниот син Луис (15). Дали било само момент или нешто друго, но на фотографиите актерката изгледа скршено.
Sandra Bullock breaks cover for first time in 11 months... two years after longtime love's tragic death of ALS https://t.co/JWAsyYdIo7
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) November 13, 2025
Булок за последен пат се појави во јавноста во декември 2024 година. Во меѓувреме, се најавуваше дека ќе ги израдува фановите со улога во романтичен трилер заедно со Кијану Ривс, а во 2022 година ја одигра својата засега последна улога.
Актерката пред две години се соочи со губење на саканата личност. Нејзиниот партнер Брајан Рандал почина на 57 години по тригодишна борба со амиотрофична латерална склероза. Врската на познатиот пар траеше од 2015 година.


Сандра го запознала Брајан кога тој го фотографирал роденденот на нејзиниот син Луис. Средбата се случила пет години по нејзиниот развод од Џеси Џејмс.
Децата што Сандра ги има посвоено – Луис (15) и Лајла (13) – го викале Брајан „тато“. Оскаровката по неговата смрт ја истури неговата пепел на „Three Bees“ на Бахамите, место каде што таа и Брајан ги разменија заветите во 2017 година, три години откако му била дијагностицирана споменатата болест.

„Тоа место беше толку посебно за нив. Ќе го изнајмеа целиот остров за да можат да уживаат во приватност. Токму таму ги поминаа некои од најсреќните моменти заедно со децата и пријателите. Остануваа таму со недели. Нејзината одлука таму да ја истури пепелта има посебна смисла и значење“, изјавил извор.
Островот на Бахамите е во сопственост на француски финансиер кој бил во брак со Ел Мекферсон и кој има ќерка со Ума Турман.
Рандал сакал неговата борба со болеста да остане тајна. Поради последните третмани, поради кои бил далеку од јавноста, многумина помислија дека ја раскинал врската со славната актерка – што било далеку од вистината.








