[ФОТО] Погледнете во што се појави мисицата на ОАЕ во текот на претставувањето во костими за капење

Кармин

19/11/2025

18:38

1.032

Големина на фонт

а а а

Мариам Мохамед ги претставува Обединетите Арапски Емирати на овогодишниот избор за „Miss Universe“. Денес се одржа прелиминарното натпреварување во пресрет на финалето на 21-ви ноември, а на денешниот настан натпреварувачките прошетаа во костими за капење и вечерни фустани.

За разлика од поголемиот дел од девојките, Мариам не продефилира во класичен костим за капење.

Таа носела буркини — костим за капење за жени кој го покрива целото тело освен лицето, дланките и стапалата, а доволно е лесен за пливање. Овој вид костими за капење е дизајниран со цел да се креираат костими за капење за муслиманки.


Којa е Мариам?

Мариам Мохамед официјално е прогласена за „Miss Universe UAE 2025“ по националниот избор кој привлече стотици пријави. Таа е 26-годишна студентка по мода и претходно има освоено титули и високи пласмани на национални натпреварувања.

Мариам изјави дека сака да биде „гласот на жените“ и да ја искористи платформата за таа цел. Нејзината крунидба беше врвот на националниот избор, каде натпреварувачки од цели Обединети Арапски Емирати се натпреваруваа во повеќе кругови интервјуа, презентации и културни настани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk