Каква мајка е Ирина Шајк? Руската убавица има јасни правила и знае што е најдоброто нешто што можеме да му го пружиме на детето

Кармин

19/11/2025

08:02

632

Големина на фонт

а а а

Руската манекенка Ирина Шајк е горда мајка на осумгодишната Леа де Сена, која ја доби за време на врската со актерот Бредли Купер, а двајцата, покрај сите други предизвици со кои се соочуваат родителите, имаат уште една важна задача: да ја заштитат ќерката од нивната популарност.

Како што истакнала познатата убавица во интервју за „People“, нивната ќерка „јасно разбира“ дека мама и тато имаат кариери што ги ставаат во центарот на вниманието. Затоа тие се трудат Леа да „се чувствува удобно“, што значи да не биде изложена на ништо и е окружена со луѓе кои ја поддржуваат и ја сакаат.


„Таа има многу, многу мал дигитален пристап, речиси никаков. Ние градиме заедница и пријателства и само даваме љубов. Тоа е најдоброто нешто што можете да му го дадете на дете: растење во семејство полно со љубов“, изјавила 39-годишната манекенка.

Ирина како мајка на девојче е свесна за товарот со кој Леа и нејзините пријателки ќе треба да пораснат кога станува збор за наметнати стандарди за убавина.


Затоа се обидува да не ја изложува својата ќерка толку многу на нив, а исто така да даде добар пример обидувајќи се да се прифати себеси.

„Чувствувам дека има многу стандарди за убавина и секако, се обидувам да ја заштитам мојата ќерка од нив“ нагласила Шајк, која рекла дека во моментов се чувствува моќно и удобно во сопствената кожа.

Инаку Шајк и Купер беа заедно четири години и во тој период се свршија, но ја раскинаа врската во 2019 година.


Меѓутоа, тие продолжиле заедно да се грижат за Леа и имаат прекрасен, пријателски однос благодарение на неа, а тројцата дури и оделе на семејни патувања со нивната ќерка и заедно славеле празници. Тие немаат дадилка и се обидуваат да поминуваат еднакво време со ќерката, над која имаат рамноправно старателство.

„Секогаш наоѓаме начин сè да функционира. Тој е најдобриот татко за кој Леа и јас можевме да сонуваме. Сè секогаш функционира, но тоа е затоа што ние правиме да функционира“ рекла манекенката за својот поранешен партнер пред неколку години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk