Два настани и три диви на црвениот тепих кои синоќа им дадоа повод за приказна на сите.
Мили Боби Браун се појави на промоцијата на петтата сезона од серијата „Stranger Things“, оставајќи ги сите без зборови со својот изглед во фустан инспириран од долна облека.
Актерката, која има само 21 година, се појави во свилен корсет со нагласени колкови, црни хулахопки и долг шлеп.

Нејзиниот провокативен изглед е дел од новиот имиџ кој го промовира откако стана полнолетна. Мили е актерка која порасна пред камерите, а многумина сè уште не можат да се навикнат на тоа што веќе изгледа толку возрасно и што е мажена. Неодамна дури и посвои дете, па стана млада мајка.

Многумина сметаат дека таа ќе „согори“ премногу рано, но Мили се спротивставува на тие приказни и им порачува на сите: „Оставете ме на мир да си го живеам животот како што сакам“.
На другиот крај од планетата, во Лос Анџелес, синоќа „дармар“ направи друга девојка. Станува збор за Хејли Бибер која на свечениот настан организиран од „GQ, „Маж на годината“, се појави во проѕирен фустан под кој не носеше долна облека.

28-годишната манекенка и сопруга на Џастин Бибер го покажа речиси голиот задник на црвениот тепих, но никој не можеше да ги заборави нејзините зборови од ден претходно, кога изјави дека бракот со Џастин „оди ден по ден“. Сите сфатија дека парот е во сериозна криза, а деновите до разводот многумина веќе ги бројат.
Бибер пред една година го роди синот Џек, а сега во разголениот „Gucci“ фустан го истакна своето заводливо тело.

Актерката Сидни Свини се појави на истиот настан во Лос Анџелес, облечена во црн сатенски готик фустан со длабоко деколте од брендот „Versace“. Фустанот го истакна она со што 28-годишната Сидни особено се гордее – нејзините гради.

Црниот чокер ѓердан, темната сенка за очи, светлорусата коса стилизирана во „мокри“ локни – сето тоа ѝ даде мистичен и заводлив изглед на провокативната Сидни, која целосно се фокусира на освојување на најважните улоги во Холивуд.

Овие денови, сè што прави – прави со голема доза провокација за да привлече што поголемо внимание.