Меланија Трамп синоќа стоела покрај Доналд Трамп при дочекот на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман на раскошната вечера, но сите зборуваат за нејзиниот избор на фустан.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, синоќа одлучила да го привлече вниманието на себе во текот на проблематичната посета на престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман на свечената вечера.

Во тесен фустан без рамки и со раскошен накит, Меланија блескала покрај Доналд Трамп. Малку од жените би облекле ваков фустан којшто не простува грешки, но првата дама на Америка не е било која жена.
Додека надвор врнел дожд, Меланија уживала во својот моден избор којшто е со потпис на Ели Саб и чини 3.350 долари.
Сепак се отворила дебата поради изборот на боја на нејзиниот фустан. Имено, таа облекла смарагден фустан којшто совршено се вклопува со знамето на Саудиска Арабија и тоа било нејзин вид на „добредојде“ за гостите со кои Американците не се израдувале многу.

Враќањето на престолонаследникот во Белата куќа било контроверзно поради убиството на колумнистот на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги во 2018 година и улогата на Саудиска Арабија во терористичките напади на 11 септември.
Исто така се случува и во момент кога Трамп е под политички „оган“ поради педофилот Џефри Епштајн, а посетата на Саудијците се поклопува и со гласините за објавување на досиејата на Епштајн во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Од друга страна, изгледа дека на Мохамед му е сѐ простено затоа што ќе инвестира билион долари во САД и ќе потпише договор за „главен сојузник надвор од НАТО“.
Престолонаследникот Мохамед на вечерата присуствувал без придружба од потесното семејство, но на вечерата биле присутни и членови на делегацијата на Саудиска Арабија, Илон Маск, но и Кристијано Роналдо.
