Пејачката Аријана Гранде се појавила во едно од своите највпечатливи изданија досега и тоа требало да биде впечатокот на вечерта, но таа повторно се нашла во центар на внимание поради физичкиот изглед.
Пејачката и актерка Аријана Гранде повторно се нашла на мета на критики поради својот изглед со којшто сѐ повеќе ги загрижува фановите.
На премиерата на филмот „Wicked: Far Good“ во Лондон се појавила во спектакуларно модно издание, но сепак нејзиниот божествен винтиџ фустан останал во сенка.

Најновите фотографии од славната ѕвезда ги навеле фановите да коментираат за нејзината појава дека е „длабоко вознемирувачка“ и ги натерала да се запрашаат дали пејачката е во добра здравствена состојба.
Аријана се појавила во 73 години стар, балски фустан којшто е ремек-дело на популарниот костимограф на „Волшебникот од Оз“, Гилберт Адријан којшто го дизајнирал во 1952 година.

За стајлингот на пејачката бил задолжен Ло Роуч и ова требало да биде едно од нејзините највпечатливи појавувања, и било, но не поради фустанот туку поради нејзиниот физички изглед.
„Да имате ваков фустан во личната колекција и да носите нешто што дизајнирал баш тој на овој црвен тепих е толку емотивно и значајно“, истакнала Аријана Гранде наведувајќи дека во текот на пробата многу пати плачела.

Иако таа е среќна, реакциите на интернет го говорат спротивното: „Кутра девојка. Овие фотографии ми се толку вознемирувачки“, „Секогаш изгледа како да се сетила дека ја оставила вклучена рерната“, „Изгледа како овој филм да го исцрпел животот од неа...“, биле само дел од коментарите.


Што мислите вие?