[ВИДЕО] Познатата инфлуенсерка ја разбеснила светската јавност: Сакала да плива во бикини, па сопругот ѝ купил остров од 50 милиони долари

Точка

19/11/2025

10:00

952

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Суди Ал Надак е сопруга на милионерот Џамал, кој не прашува колку чини нешто за да ѝ даде на сопругата сè што ќе посака таа.

Меѓутоа еден од неговите потези особено ја разбеснил јавноста. Имено Суди се пофалила на социјалните мрежи дека посакала да плива во бикини, па нејзиниот сакан сопруг веднаш ѝ купил остров вреден 50 милиони долари за да може да се чувствува безбедно додека носи бикини.


Суди се пофалила на социјалните мрежи со видео во кое таа и нејзиниот сопруг летаат во приватен авион и слетуваат на рајски остров. „POV: Сакаше да носиш бикини, па твојот сопруг милионер ти купи остров“, напишала таа во видеото.


Таа, исто така напишала: „Ова беше неговата најдобра инвестиција досега“.


Инаку, Суди е позната инфлуенсерка од Дубаи, која има над 460 илјади следбеници на Инстаграм и 1,3 милиони следбеници на ТикТок. Нејзините видеа имаат повеќе од 400 милиони прегледи, а во интервју за „Хиндустан Тајмс“ таа открила дека се смета себеси за „домаќинка со полно работно време“. Наводно, го запознала својот сопруг додека двајцата студирале во Дубаи. Тие се во брак повеќе од три години, а неодамна добиле и дете, синот Тејаб Џамал.