[ФОТО] На границата на вулгарното или сепак вулгарно? Модното издание на контроверзната пејачка кое го коментираат сите

Точка

19/11/2025

07:45

841

Големина на фонт

а а а

Таа е пејачка, актерка и режисерка, но и најекстравагантната јавна личност во Холивуд, за неа модните граници не постојат.

Контроверзната Тејана Тејлор ужива само кога е во центар на внимание, а во тоа ѝ помага и гардеробата која ја носи. Овојпат се појавила на едно доделување на награди посветено на жените во организација на магазинот „ELLE“ и сите ги изненадила со своето модно издание.


Таа е секогаш во границите на вулгарното, а можеби и вулгарна, но иако критичарите не се задоволни од нејзиниот стил, таа не се откажува од истиот.

Пејачката на фотографиите позира самоуверено во необична креација за која до крајот на вечерта не останало јасно дали станува збор за фустан или некое друго импровизирано модно парче.


Златниот „фустан“ со качулка и гол грб бил и повеќе од доволен сите веднаш да гледаат во неа. Со оглед на тоа што градите одвај ги покрила, Тејана постојано била во ризик да ѝ се случи вистинска модна катастрофа.


Нагласената шминка и ефектниот накит го заокружиле овој нејзин стил, па проценете вие дали ви се допаѓа.