[ВИДЕО] Познатата актерка (28) е непрепознатлива откако драстично ослабе: Обожавателите не можат да ја препознаат!

Точка

05/11/2025

22:00

1.144

Големина на фонт

а а а

Актерката Барби Фереира ги шокираше обожавателите со својот изглед кога се појави на настанот „Academy Women‘s Luncheon“ во Лос Анџелес. Многумина не ја препознаа поради драстичниот губиток на килограми што го доживеала во последно време.

Најпозната по улогата во серијата „Еуфорија“ (Euphoria), Фереира блесна во розова тоалета што совршено ги истакна нејзините облини и деколтето. Комбинацијата ја надополни со црни штикли и пуштена коса, а од шминка избра едноставен изглед со впечатлив кармин.

Според странските медиуми, Фереира изгубила повеќе од дваесет килограми, а својата нова фигура почнала да ја прикажува уште минатата година. Тогаш се појавија и гласини дека користи лек за слабеење, но глумицата сè уште не го коментирала тоа. Пред неколку години започнала со посветена рутина и изјавила дека неколкупати неделно практикува пилатес.

„Почнав да работам со личен тренер, што е предизвикувачко, но токму тоа е целта“, изјавила Фереира.

Извори за британски медиум велат дека по напуштањето на „Еуфорија“, ѝ се намалиле можностите за улоги, па почувствувала дека мора да направи промена за да ја задржи својата кариера.

„Во Холивуд мораш да изгледаш на одреден начин. Колку и да звучи површно, тоа е вистина. Таа ослабе за да ја оживее својата кариера и да го истакне својот талент“, рекол изворот.

Фереира ја започна кариерата како модел на платформата Тамблр, а потоа работеше за брендови како „Американ Апарел“, „Ејч енд Ем“ и „Таргет“. Светска слава стекна со улогата на Кат во „Еуфорија“, но во 2022 година најави заминување од серијата. Оттогаш се појави во неколку проекти.

Неделава се врати и на модните писти, на ревија на модната куќа „Викторијас сикрет“, облечена во црвен бралет, гаќички и тексасна јакна со мали крилца на грбот.


„Воопшто не ми беше ни на крај памет дека ќе се појавам писта, а уште помалку на ревија на ‘Викторијас сикрет’. Бев шокирана, но потоа пресреќна“, раскажала таа.