Пред 30 години го освои светот со „Бегство од Шошенк“, а ова е Тим Робинс денес: Луѓето беа во шок кога се разведе од познатата колешка, тајно се оженил со три децении познатата Романка – но и таа приказна завршила неславно

Точка

05/11/2025

16:52

1.544

Големина на фонт

а а а

Затворската драма снимена по новелата на Стивен Кинг доживеала комерцијален неуспех по кино премиерата во 1994 година, кога не успеала да го врати ниту скромниот буџет. А потоа се случил судбински пресврт...

Денес „Бегство од Шошенк“ се смета за ремек-дело на седмата уметност, кое на прв план во Холивуд ги изнел двајцата извонредни актери. Иако и Морган Фримен и Тим Робинс веќе уживале добар углед и добивале престижни награди, по овој филм ништо во нивните животи не било исто.

И двајцата актери биле наградени со Оскари. Вистина, за некои други, ништо помалку извонредни остварувања – Фримен за споредна улога во драмата „Девојка од милион долари“, а Тим Робинс за трилерот „Мистична река“ во истата категорија. „Бегство од Шошенк“, еден од најдобрите филмови на сите времиња и феноменот на поп-културата, не добил ниту едно „златно момче“. Неправда, што да се каже! Но, не е ниту прва, ниту последна во „фабриката на соништата“.

Тимоти Френсис Робинс е роден на 16 октомври 1958 година во градчето Вест Ковина, кое припаѓа на округот Лос Анџелес. Со семејството подоцна се преселил во Њујорк, каде што уште како дете ги направил своите први театарски чекори. Вљубен во сцената, од самиот почеток знаел дека професијата актер му е запишана во ѕвездите. Студирал драма, а потоа се вратил во Калифорнија, каде што во 1981 година дипломирал на Филмското училиште при „UCLA“.


Љубов надвор од сите холивудски стандарди

Кариерата ја започнал во средината на осумдесеттите. Се појавил во „Топ ган“, во една епизода од хит-серијата „Случајни партнери“, а првата поголема улога ја остварил во 1988 година во спортската драма „Бул Дарем“, заедно со Кевин Костнер и Сузан Сарандон. И само со споменувањето на славната актерка станува јасно дека таа година за Робинс била судбинска — не само во професионалниот, туку и во приватниот живот. Со дванаесет години постарата Сузан започнал љубовна приказна која траела повеќе од две децении.

Одлични критики добил и за Алтмановата драма „Играчот“, која во 1993 година му го донела првиот „Златен глобус“. Следел „Шошенк“, кој, како што спомнавме, не се прославил ниту во кино салите, ниту на доделувањето награди, но влегол во историјата и на главните јунаци им обезбедил место во сите холивудски енциклопедии.

Веќе следната година бил номиниран за престижната награда за најдобар режисер — станува збор за фантастичната драма „Мртов човек оди“, која, пак, на неговата сопруга ѝ донела Оскар за најдобра женска улога, а малку недостигало и Шон Пен да го добие истиот трофеј.


И следните филмови биле успешни, најмногу „Мистична река“, за кој во 2003 година добил и Оскар и Златен глобус, но и „Тајниот живот на зборовите“, „Catch a Fire“, „Војната на световите“. Да се споменат и „Арлингтон Роуд“, „Викингот Ерик“, „Nothing to Lose“, „Прет-а-портер“, „Мисија на Марс“, „Коефициент на интелигенција“…

Крај каков што светот не очекувал

Освен што се врвни актери, Тим Робинс и Сузан Сарандон беа (и останаа) неуморни активисти. Како лидери на холивудската левица, често го подигнуваа гласот затоа што не се согласувале со американската надворешна политика. Беа во првите редови на сите антивоени демонстрации, спротивставувајќи се на заканите за затворска казна и прогон од Холивуд.

Врската во која биле повеќе од две децении, од 1988 до 2009 година, и во која добиле два сина — Џон и Мајлс — никогаш не ја официјализирале. Славната актерка своевремено изјавила дека по разделбата луѓето ѝ приоѓале на улица и ѝ кажувале како плачеле поради пропаѓањето на некогаш големата љубов.


„И јас бев тажна. Не верував дека тоа некогаш ќе се случи. Некои луѓе во одреден момент влегуваат во вашиот живот, можеби започнувате сериозна врска за да имате деца, а потоа сфаќате дека тоа е тоа — исполнивте и остваривте сè што требаше“, изјавила „оскаровката“.

Многумина биле изненадени кога, во јануари 2021 година, Робинс поднел барање за развод пред судот во Лос Анџелес од извесна Јоана Грацијела Бранкуши, Романка која била повеќе од три децении помлада од него и приближно на иста возраст како неговиот постар син. Имено, никој не знаел дека повторно се оженил.

Тајната брачна врска со 33 години помладата Романка

Подоцна излегоа детали – дека ја запознал во 2016 година во непрофитната театарска куќа „The Actors Gang“, каде што убавата бринета работела како координатор за маркетинг, а Робинс бил уметнички директор.


Иако заедно се појавувале на црвениот тепих – на премиерата на неговата серија „Here and Now“ и подоцна, на промоцијата на филмот „Dark Waters “, каде што била забележана со дијамантски прстен на раката – никого не известиле дека стапиле и пред матичар. Сепак, приказната не траела. Тековниот емотивен статус е непознат.

Тим Робинс е голем фан на хокеј, кој активно играл во младоста. Сака и бејзбол, и со задоволство посетува натпревари на Њујорк Ренџерс. А како денес изгледа актерот на кого поради висината од 195 сантиметри некогаш му бегале профитабилни улоги? Косата му е побелена, но сè уште го им оној поспан поглед и неодоливата насмевка. И не се колеба јасно и гласно да го изнесе своето мислење за актуелните општествени теми, без страв дека ќе го „отстранат “ затоа што „не е подобен“.