Британската пејачка Лили Ален штотуку помина низ болен период откако дозна дека сопругот ја изневерувал. Сепак, таа успеала својата болка да ја преточи во нов албум под наслов „West End Girl“, во кој до најситни детали ги открива случувањата околу прељубата.
По разводот од актерот Дејвид Харбор, со кого беше во брак од 2020 година и има две деца, Лили се врати на музичката сцена и се појави на престижната церемонија на CFDA наградите во Њујорк.

На овој настан пристигнала во провокативна бела комбинација што се состоела од свилено долго здолниште и бел, проѕирен градник – изглед кој многумина го нарекоа дел од нејзината „одмаздничка ера“.


Лили Ален го шпионирала неверниот сопруг
Како Ален дознала дека Харбор ја изневерува? Откако се посомневала во неговата верност, решила да го шпионира. За жал, сомнежите се покажале точни. Тајниот профил на нејзиниот сопруг на апликација за запознавање открил дека водел двоен живот. Тој целно бирал одредена група жени и тоа на мрежа каде двајцата се запознале.
Познатата пејачка (40) се приклучила на ексклузивната апликација „Raya“, резервирана за славни личности, со цел да дознае дали нејзиниот сопруг Дејвид Харбор (50) се гледа со други жени. Таа дури поставила профил под изговор дека „бара жени“, за да може да ја провери вистината.
Открила дека тој има активен профил и дека бил присутен на платформата најмалку еден месец пред таа да започне со својата „детективска мисија“.
„Raya“ е толку ексклузивна апликација што прифаќа само околу осум проценти од пријавените, иако има над 10.000 активни членови, а уште 100.000 чекаат пристап. Откако корисниците ќе најдат нов партнер, обично го деактивираат својот профил.

„Се приклучи на ‘Raya’ за да дознае дали тој се гледа со некоја. Не погледнала ниту еден друг маж откако го запозна. Скршена е. Тој раскина со неа пред еден месец. Требаше за Божиќ да бидат на одмор во Кенија“, изјавил извор за британските медиуми.
На профилот на Харбор стоело: „Во посета на Њујорк од Атланта“ и „‘Бубалица’ од плакар кој глуми опасни момци на вашиот ТВ“. Како профилна песна ја избрал „Houses Of The Holy“ од групата „Led Zeppelin“.
Актерот напишал дека живее во Атланта, Џорџија – далеку од семејниот дом во Бруклин, каде што се преселиле со Лили во 2020 година. Купил куќа во Атланта за да биде поблиску до снимањата на серијата „Stranger Things“.
Лили од минатата есен се посомневала дека Дејвид е заинтересиран за други жени. Во моментот кога раскинале, таа верувала дека веќе има тајна врска. „Беше уверена дека со месеци бил подготвен за нови средби, иако таа тоа го дозна дури на крајот на летото“.
Пејачката, скршена од болка, потоа престојувала во центар за лекување на трауми, каде што неделниот престој чини околу 8.000 фунти. Во својот поткаст отворено зборувала за нападите на паника и за тоа како не можела да се концентрира на секојдневните обврски.
„Daily Mail“ открил дека Харбор ја изневерил со костимографката Натали Типет (34), со која се запознал на снимањето на „We Have a Ghost“ за „Netflix“ во 2021 година во Њу Орлеанс. По снимањето, ја однел со авион во својот дом во Атланта, каде што аферата продолжила.
Според нејзиниот нов албум, Лили му дозволувала на сопругот повремени односи, но со две правила – можел да има интимни односи единствено со платени сексуални работнички и без емоционално врзување.

Во песната „Madeline“ открива дека тој го прекршил тој договор, но и дека љубовницата „ги погазила светите правила“. Иако за „Times“ изјавила дека песната е напишана за „измислена жена“, фановите веруваат дека се однесува токму на Натали Типет.
„Колку долго трае ова? Дали е само секс или има и чувства? Ми рече дека сè ќе остане во хотелски соби, дека нема да излезе на виделина. Имавме договор: биди дискретна и не биди очигледна. Мораше да се плати, мораше да биде со непознати. Но ти не си непозната, Маделин“.
Дополнителен скандал предизвика и актерката Мили Боби Браун, која го обвини Харбор за „вознемирување и малтретирање“ на сетот на петтата, завршна сезона на „Netflix“ хитот „Stranger Things“, пишува „RadarOnline“.
Браун поднела жалба до компанијата „Netflix“, по што започнала внатрешна истрага која, наводно, траела со месеци. Деталите не се објавени, но извори тврдат дека обвинувањата не вклучуваат сексуално вознемирување, туку низа инциденти што актерката ги опишала како понижувачки и психолошки стресни.









