[ВИДЕО] Момент кој остава грутка во грлото: Емотивна изведба на Панчо на познатата „Недеља“

Точка

05/11/2025

16:00

1.695

Големина на фонт

а а а

Мишел Трајковски објави видео кое предизвика силни емоции кај јавноста. На него се гледа Панчо од дуото ДНК како ја изведува познатата песна „Недеља“.

Настапот сега има посебно значење, откако Панчо неодамна го загуби животот по трагичната несреќа во дискотеката во Кочани.

Видеото не е само музичка изведба, туку и омаж на Панчо, потсетник на неговата енергија, талент и неизбришлива трага која ја остави кај обожавателите и колегите. Фановите на социјалните мрежи споделуваат спомени од неговите настапи, зборуваат за харизмата и гласот кој допираше до душата, но истовремено изразуваат и болка поради тоа што повеќе нема да може да го слушаме во живо.

Објавата го нагласува пријателството меѓу Трајковски и Панчо, кое надминува обична професионална соработка. Ова видео ја потврдува врската која ги поврзуваше не само на сцена, туку и во животот. Иако видео записот е направен многу порано, сега добива нова тежина.

Публиката ја доживува оваа изведба како потсетник дека музиката има моќ да ги поврзува луѓето на длабоко емотивно ниво.

Автор: Ц.Н.