Британската јавност потресена од веста дека Бен Данкан, пријател на принцот Вилијам, починал на 45 години.
Падот од барот што се наоѓа на покривот на хотелот бил фатален за Бен Данкан, пишува британски „Сан“.
Бен Данкан, познат член на високото општество, кој беше и долгогодишен пријател на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, се појави во бројни ТВ емисии, почина откако падна од покривот на хотел во Вест Енд, во Лондон.

Британецот Данкан се спријателил со принцот Вилијам додека студирале на Универзитетот Сент Ендрус, на кој во тоа време студирала и Кејт Мидлтон.
Принцот и принцезата од Велс ја почнале врската додека студирале, а Данкан се дружел со нив токму во тој период. Тој бил член на нивниот тесен круг пријатели. Присуствувал на венчавката на кралската двојка во Лондон во 2011 година, каде и го интервјуирале за настанот на годината.
Што се случило таа кобна ноќ?
45-годишникот починал доцна во четвртокот откако паднал од седмиот кат – околу 30 метри висина – од барот на покривот на модерниот хотел „Трафалгар Сент Џејмс“ во Лондон, каде што собите можат да чинат до 1.000 фунти за ноќ.
Тој бил пронајден мртов кратко откако полицајците од Метрополитен полицијата биле испратени да истражат пријави за „човек на покривот“ на луксузниот хотел со пет ѕвездички.
„Полицијата реагираше на загриженоста поради човекот на покривот на зградата во улицата Кокспур, Вестминстер во 23:02 часот во четврток, 30 октомври“, рекол портпаролот за „Дејли мејл“.
И покрај најдобрите напори на Лондонската служба за брза помош, за жал, тој бил прогласен за мртов на самото место.
Неговата смрт е неочекувана, но не и сомнителна.
Ѕвезда на реалните шоуа
Данкан се натпреварувал во „Големиот брат“, но и во ријалити емисиите „Ладет до дама“, „Дојди да јадеш со мене“ и „Патување со тренер на славни“ на Канал 4. Пред да влезе во куќата на „Големиот брат“, се пошегувал дека не им кажал на семејството и пријателите дека се пријавил за шоуто, за да не го осудуваат.
Се памети и неговата изјава дека би направил сè само за да избегне работа од 9 до 17 часот. Кога го прашале кој луксузен предмет би го донел во куќата, тој одговорил дека тоа би бил „компетентен фризер и стилист“. Не се согласувал добро со другите учесници во куќата, па затоа бил номиниран секоја недела.
„Ме воспитуваа да бидам доста саркастичен, а тоа може да звучи глупаво. Ако со тоа ги повредувам чувствата на луѓето, тогаш ми е жал поради тоа“, рекол тој.











