„Не плачи, сето ова го знаевме“: Последната желба на Милан Младеновиќ била да ја види оваа жена

Точка

05/11/2025

15:30

809

Големина на фонт

а а а

Милан Младеновиќ, гитарист и фронтмен на легендарната група ЕКВ, почина на денешен ден во 1994 година од рак на панкреасот, кој му бил дијагностициран неколку месеци претходно.

Милан починал во својот стан во Белград.

„Извесно е дека низ животот одам бурно, па каде ќе застанам. Едно е сигурно – никогаш не знам каде ќе тргнам. Не можам да пеам за вонземска љубов, ако ме гушат и разоруваат земски маки. Стоиме на работ над некоја бездна што нестрпливо чека да нè проголта, а над нас се разгорела вулканска лава која почнува да се слева, се протега преку нас. Ми се чини дека сме стегнати – не можеме ни чекор назад, ни напред… Борете се за вашата лична слобода, не дозволувајте некои лажни сребреници и погрешно оправдани норми да ве задушат, борете се за живот. За крај би рекол само дека ни во кој случај не ми е жал што сите овие години ги потрошив на толку неозбилна работа како што е рокенролот, и мислам дека почесно и поискрено не можев да ги потрошам сите тие години“, се зборовите со кои завршува неговата монографија.


Единствената жена во бендот, но и блиска пријателка на Милан — Маргита Маги Стефановиќ — била една од последните личности со кои Милан разговарал.

За тоа колку неговата смрт влијаела врз Маги, сведочела нејзината блиска пријателка Лидија.

 „Иако беше навикната да се соочува со загуби — доживеала смрт на своите родители и на многу пријатели — смртта на Милан целосно ја потресе Маргита. Ден пред смртта на Милан, на 4 ноември 1994 година, Маги била во својот стан на Славија. Зазвонил телефонот: ‘Можеш ли да дојдеш кај нас? Милан сака само тебе да те види’, молела мајката на Милан, Даница. Маги веднаш фатила такси и отишла во станот на Младеновиќ на Нов Белград. Милан лежел во кревет. Било темно. ‘Не плачи, сè ова го знаевме’, рекол Милан. Побарал да ја стави главата во скутот на Маргита и да го гали по главата. Тоа често го правеле. Заспал во нејзиниот скут. Останала неколку часа сама со него. При разделбата му рекла: ‘Ќе се видиме утре’. Не ѝ одговорил ништо — само нежно ја погледнал. Утредента починал“, раскажала Лидија Николиќ, авторка на биографијата на Маргита „Чувства. Сеќавања.“ и нејзина блиска пријателка, пренел порталот „Nadlanu“.


Се зборува дека на погребот на Милан бил „целиот Белград“, а говор одржал фронтменот на групата „Партибрејкерс“, Зоран Костиќ Кане.


„Јас тебе ти го читам последното слово. Јас тебе. А кој мене? Сега си заминал за некаде повторно да се родиш. Звук, сила и енергија — ти сега се слушаш. Разделбата е и повторна средба, многу љубов замина со тебе засекогаш. Тоа што сега не се гледаме, не значи дека не сме заедно. Овде се луѓето што те испраќаат. Твоите луѓе. Момче од водата, во пурпурните длабочини на вистинската музика. Нека биде убаво, нека биде вистинито, нека се слушне. Постои само еден пат што води до правдата, како што и сите зборови беа на твоја страна. И ветрот, и земјата. Нека биде доволно ова, нека биде со мера. Ќе се видиме сите“, рекол Кане, пишува „Блиц“.