Првата дама на Франција воодушевила во бордо фустанот на гала вечерта во Луксембург.
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон неодамна присуствувале на гала вечерта во Луксембург во текот на абдикацијата на големиот војвода Анри Луксембуршки, а доаѓањето на престолот на неговиот најстар син Вилијам.
Првата дама на Франција е позната по својот минималистички стил и бели и сини модни изданија, но овојпат одлучила да ја вклопи есенската боја која е хит сезонава, а која обожава да ја носи и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
Имено, Брижит одлучила да се појави во фустан во есенска бордо боја и се усогласила со останатите кралски дами во текот на вечерта.
Брижит заблескала во вечерниот фустан со едноставен крој којшто бил елегантен, модерен и впечатлив.
Креацијата во пределот на рамениците и деколтето имала дискретен мрежест дезен со ситни метални детали кои дале доза на елеганција и гламур.
Освен тоа, фустанот со рамен крој паѓал до подот и бил во интензивна бордо боја која зрачи со доминација, смиреност и моќ.
Сите детали на фустанот, Брижит ги вклопила со мала сребрена чанта и салонки во иста нијанса на боја.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Брижит?