Откако се појави на АТП турот, љубовниот живот на Карлос Алкараз често е тема на медиумите, но најчесто на ниво на шпекулации и озборувања.
Сега, меѓутоа, ја имаме првата потврда дека е среќно заљубен… Како изгледа жената што го освоила срцето на младиот тенисер?
Откако се појавија гласини дека ѕвездата од емисијата „Танц со ѕвездите“ Брукс Нејдер е во врска со тенисерот Јаник Синер, што таа го демантираше, сега нејзината сестра Грејс Ан Нејдер го откри пресвртот во ситуацијата.
Да, нејзината сестра е во врска со тенисер, но со неговиот лут ривал од кого загуби во финалето на Ју-Ес Опен – Карлос Алкараз.
„Гласините се точни, забавувањето е толку чувствителен поим, но знам дека тој е маж вреден за восхит“, изјави Грејс Ан за „E!News“, и иако оваа нејзина изјава е малку несмасна и нејасна, таа потврди дека Брукс и Карлос се гледаат.
Според странските медиуми, тенисерот веќе ги запознал сестрите на Брукс, Мери Холанд и Сара Џејн, иако Грејс Ан сè уште го немала тоа задоволство.
„Едвај чекам. Тој е толку сладок“, додаде Грејс.
Самата Брукс сè уште не ја потврдила романсата со познатиот тенисер, а веста доаѓа само една недела откако моделот ги негираше шпекулациите дека таа и Јаник се пар откако беше забележана на Ју-Ес Опен.
Се покажа дека таа всушност била на натпреварот на Карлос Алкараз со Французинот Артур Риндернех, а истото го призна на Џими Камел во емисијата.
„Блиску си. Многу си добар, но јас не бев на тој натпревар (на Јаник Синер)“ му рекла таа.
Потсетуваме дека Брукс беше во врска со грчкиот принц Константин Алексиос и тоа додека беше во брак со Били Хери, од кого се разведе оваа година.
Од друга страна, Карлос Алкараз со години зборува за тоа колку е голем предизвикот да се најде девојка кога се занимаваш со професионален тенис, поради постојаното патување.
Иако не успевал да пронајде љубов, неговото семејство секогаш е тука за него.
„Кога ќе го завршам турнирот, не е важно дали ќе победам или не, само сакам да се вратам дома за да бидам со моето семејство. Живеам со моите мајка и тато, постариот брат и двајцата помлади браќа. За нив, јас не сум голема тениска ѕвезда, само обично момче“ изјави тој за Сандеј Тајмс во 2024 година.
„Затоа враќањето дома е одлично затоа што ми недостигаат. Колку подолго си отсутен, толку повеќе сфаќаш колку ти се потребни“, додаде Карлос.