[ФОТО/ВИДЕО] Детското одморалиште кое некогаш беше гордост на Југославија, a денес е ограбена руина

Точка

11/09/2025

19:17

675

Големина на фонт

а а а

Поранешното одморалиште и заштитено културно богатство, сега е дом на графити и отпадоци со поглед на морe.

Без оглед на убавината и потенцијалот на оваа локација, како и фактот дека самата зграда некогаш претставувала прекрасен пример за хрватската модерна архитектура, денес е оставена на милост и немилост.


Среде густа борова шума на брегот на Макарската ривиера, детското одморалиште – лекувалиште „Крвавица“, изградено во 1960-тите, безмилосно пропаѓа.


Ова кружно архитектонско ремек-дело дизајнирано од Рикард Марасовиќ било изградено за лекување на деца со респираторни заболувања и тегоби.


Малку подоцна, било претворен во воено одморалиште, кое за време на војната, на почетокот од 1990-тите, било користено за сместување на бегалците и ранетите.


Невниманието ја претворило оваа прекрасна градба во руина која денес ги привлекува само оние посетители кои се љубители на напуштени простори.

Па така за жал поранешното лекувалиште и заштитено културно наследство сега е само дом на графити и отпадоци со поглед на морето.