[ФОТО] Интерактивна магија на трпезата – Marriott го носи светскиот концепт Le Petit Chef во Скопје

Точка

11/09/2025

14:07

474

Големина на фонт

а а а

Дали сте подготвени за ново, магично гастрономско искуство: Le Petit Chef - „најмалиот шеф на светот“ - коешто за првпат ни доаѓа во Скопје, во ресторанот на Marriott Skopje?

Le Petit Chef – светска сензација што пристигнува во Скопје

Овој уникатен проект ја спојува висoката кујна со современите аудиовизуелни технологии и традиционалната вечера ја претвора во мало сценско шоу. Преку 3D мапирање и најнова проекциска техника, гостите ќе бидат сведоци на мало уметничко чудо – кулинарско шоу кое на трпезата го носи духот на француската префинетост и магијата на современата гастрономија.


„Големо задоволство ми е што за првпат во Скопје и во Македонија го претставуваме уникатниот гастрономски концепт Le Petit Chef. Станува збор за исклучително искуство кое обединува врвна кујна, технологија и уметност, и е веќе препознаено во повеќе од 50 светски градови. Горди сме што токму Skopje Marriott Hotel е местото каде што гостите ќе имаат можност да бидат дел од оваа глобална приказна. Со Le Petit Chef ние всушност сервираме повеќе од вечера – сервираме магична приказна во чинија, која нуди незаборавни моменти и емоции за секој гостин“, вели за Точка - Зорица Блажеска, Marketing Executive во Skopje Marriott Hotel.


Што го прави посебен?

Le Petit Chef е глобално препознаен бренд што го освојува светот повеќе од една деценија. Концептот постои во над 50 градови ширум планетата, на најпрестижни локации – од европските метрополи, преку Азија и Блискиот Исток, па сѐ до луксузни крстарења. Сега, и Скопје гордо станува дел од оваа приказна.


Секоја вечера е повеќесензорно доживување во кое се преплетуваат уметност, вкус и забава. Минијатурниот шеф, оживеан преку 3D проекција, ја раскажува својата приказна на трпезата, додека гостите уживаат во внимателно подготвени вкусови кои се совпаѓаат со сценариото на проекциите.


За кого е ова гастрономско искуство?

Le Petit Chef е вистинска комбинација за секој кој бара впечатливо и „Инстаграм“ пријателско искуство - романтични парови, пријатели, семејства (деца уживаат во визуелните приказни), и за љубители на иновации во гастрономијата. Искуството е дизајнирано така што технологијата ја надополнува, а не ја заменува кујната - храната е вистинска, а перформансот ја нагласува нејзината приказна.


Нешто што досега не сме го виделе во Македонија

Marriott Skopje им овозможува на своите гости да бидат дел од едно исклучително доживување – каде храната не е само вкус, туку и спектакл, каде вечерата се претвора во уметност, а секој момент се памети како уникатно искуство.


Практични детали (што може да се очекува)

Траење: обично вечерата со шоу трае околу 60–90 минути и вклучува повеќе гастрономски задоволства со кратки анимациски сегменти. 

Автор: Ц.Н.