Во оваа доба од годината е најевтин: Најздравиот септемвриски зеленчук којшто има повеќе витамин Ц од лимонот

Точка

11/09/2025

09:00

810

Големина на фонт

а а а

Постојат многу здравствени предности на зеленчукот којшто во нашата кујна се користи на многу начини и е навистина феноменален.

Тајната е во неговиот исклучителен нутритивен профил, полн со витамини, минерали и антиоксиданти, но и витамин Ц којшто апсолутно доминира.

Крајот на летото и почетокот на есента ни носи нови намирници на пазарот, а некои видови зеленчуци навистина доминираат.

Ништо друго не потсетува на есен повеќе од мирисот на печените пиперки за кои многумина не знаат колку здравствени предности имаат.


Црвената пиперка е главна „ѕвезда“ на домашниот ајвар, туршијата, една од омилените за свежи салати и секогаш посакуван додаток во многу јадења.

Што содржи црвената пиперка од хранливи материи?

Една шолја сечкана, свежа црвена пиперка содржи:

- 39 калории;
- 1,5 грама протеини;
- 9 грама јаглехидрати;
- 6,3 грама шеќери;
- 0,5 грама масти;
- 190 милиграми витамин Ц;
- 314,4 милиграми калиум;
- 233,9 милиграми витамин А;
- 2,4 милиграми витамин Е;
- 7,3 милиграми витамин К.

Во црвената пиперка има над 30 нутриенти од групата на каротеноиди, антиоксиданти кои се претвораат во витамин А којшто е важен за видот, имунитетот и кожата, а потоа го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.


Црвената пиперка е богата со витамин Ц

Посебно се истакнува витаминот Ц којшто се наоѓа во црвената пиперка, а го содржи повеќе и од некои цитруси иако тие се синоним за овој моќен антиоксидант со многу улоги во организмот.

Така, во 100 грама лимон има околу 53 милиграми витамин Ц, додека пак во 100 грама црвена пиперка има 80,4 милиграми витамин Ц.

Кои се здравствените придобивки на црвената пиперка?

- Го зајакнува срцето;
- Го заштитува видот;
- Го јакне имунитетот;
- Го намалува ризикот од канцер;
- Ги чува коските.