Покетино предизивка бура во Каталонија: Не наседнувам на приказната што ја продава Барселона!

Дерби

04/09/2025

12:47

465

Големина на фонт

а а а

Маурисио Покетино е еден од ретките тренери во светот кои би одбиле понуда од Барселона, па иако до такво нешто никогаш не дошло, Аргентинецот сега уште еднаш ја повтори својата славна изјава, но и ја надгради со став кој нема да им се допадне на фановите на Барса.

Поранешниот менаџер на Челси, ПСЖ и Тотенхем се смета себеси за легенда на Еспањол и цврсто се држи до вредностите на помалиот клуб од Каталонија, но како што вели самиот, за него Еспањол е далеку почист и покаталонски тим од оној кој има освоено повеќе трофеи.

– „Попрво ќе работам во мојата фарма, отколку во Барселона“ е фраза која се уште звучи многу добро, нели? , – почнува Покетино во разговорот со новинарот Жозеп Педрелол, па продолжува.

– Јас целосно се идентификувам со Еспањол, максимално сум поврзан за овој клуб. Луѓето ми велат дека не можам да кажувам такви работи кога не сум добил понуда од Барселона, но јас можам да ви тврдам дека нема да ја тренирам Барселона.

– Велат дека Барселона е „повеќе од клуб“, тоа е нивното мото. Што сакаат да кажат со тоа? Се наметнува непотребна доктрина за сите деца. Јас сметам дека Барселона греши со таквиот пристап, го велам ова без да навредам никого. Секој клуб има своја култура, Барселона е огромен клуб, но јас не наседнувам на она што сакаат да го продадат во јавноста, – вели Покетино и заклучува.

– Еспањол е понезависен и далеку покаталонски тим од Барселона, далеку покаталонски настроен од Барселона, – заклучува Покетино.