Халанд остана без сон поради својот матичен клуб: Што се случува по ѓаволите?

Дерби

04/09/2025

13:11

878

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд направи промена на својот дрес и сите со нетрпение го чекаат неговото деби со името Браут Халанд на неговиот грб, но пред да дојде до тоа, ѕвездата на Манчестер Сити се занимава со тема која му привлече големо внимание.

Феномелната гол-машина не останува без информации за се она што се случува во неговите поранешни клубови, а загрижувачката состојба во матичниот Брин сега изнуди и негова реакцијата на социјалните мрежи.

Норвешкиот клуб во изминативе денови отпуштил тројца првотимци без да даде никакво објаснување и ги остави без ангажман, па откако Халанд побара одговори преку својот официјален профил, отпочна конверзација и со еден фудбалски фан.

– Излезете во јавноста и зборувајте. ФК Брин, што се случува по ѓаволите, – запраша Халанд, по што доби препорака од еден фан да спие доцна во ноќта и да се фокусира на предизвиците кои го чекаат со Норвешка, наместо да се занимава со работи во кои е апсолутно немоќен.

– Да, треба да спијам ова време, но хаосот во мојот матичен клуб ме прави бесен и сега не можам да спијам мирно, – гласи одговорот на Халанд.

Норвешка во септемврискиот квалификациски циклус игра против Финска и Молдавија, а двата натпревари ги игра на домашен терен.

,/center>